Влаина () — средновисока планина во источна Македонија која ја претставува источната рамка на Беровската Котлина и се гранични со Пиринска Македонија во денешна Бугарија. Највисок врв е Кадиица (1.932 м). Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, палеозојски гнајсови, гранитоиди и кредни варовници. Поради езерската состојба за време на плиоценот во пониските делови се наоѓаат плиоцени седименти и песокливи глини. Во подножјето се јавува непрекинат појас на наноси, на кои се развиени неколку големи селски населби: Град, Панчарево и Црник. Поради геолошкиот состав и непошуменоста е интензивиран процесот на рецентната ерозија.. лево|мини|Поглед на врвот Кадиица (1.932 м)

Поврзано Буковик — вулканска купа во продолжение на планината

Наводи

Категорија:Рилско-родопски Масив Категорија:Планини во Македонија Категорија:Планини во Бугарија Категорија:Македонско-бугарска граница Категорија:Меѓународни планини во Европа