thumb|right|Нарајана Гуру Шри Нарајана Гуру () (1855-1928) познат и како Шри Нарајана Гуру Свами, бил хиндуистички светец, мудрец, пророк и општествен реформатор во Индија.Гуру е роден во семејството Езхава (Ezhava), во време кога уназадените семејства како Езхава (Ezhava) се соочувале со големи неправди во Керала (Kerala), општество под влијание на кастите. Гурудеван, како што бил познат помеѓу своите наследници, се кренал против кастеизмот и работел на пропагирање на нови вредности на слобода во спиритуализмот и општествена еднаквост, при што го променил општеството Керала (Kerala) и поради тоа е познат како пророк.

Нарајана Гуру е почитуван поради неговото ведско знаење, поетска вештина, отвореност кон видиците на другите, ненасилна филозофија и неговата непопустлива решителност, да ги исправи општествените неправди. Нарајана Гуру бил главен елемент во воведувањето на духовните основи во општествените реформи во денешна Керала (Kerala) кој ги соборил каститите во Индија. Тој демонстрирал патека кон општествената еманципација, без да го предизвика дуализмот на угнетените и угнетувачот. Гуру ја истакнал потребата од духовно и општествено образување на угнетените со нивни сопствен труд, преку градење на храмови и образовни институции. Во текот на овој процес, тој ги игнорирал религиозните хиндуистички конвенции засновани врз Чатурварна (Chaturvarna).

Животопис Семејство и почетна фаза од животот

Нарајана Гуру е роден на 20 август 1856 г, во селото на Чемпазантите (Chempazhanthi), во близина на Тируванантапурам (Thiruvananthapuram), син на фармерот Мадан Асан(Madan Asan) и Кути Ама(Kutti Amma).Нагалено, детето било нарекувано Нану. Мадан, исто така бил и учител („Asan") кој знаел Санскрит и бил стручњак во областа на астрологијата и ајурведа (ayurveda-индиска медицина, со употреба на билки). Тој имал три сестри. Кога бил момче, Нану со воодушевување го слушал својот татко како им раскажува приказни од Рамајана и Махабхарата на обичните селани од селото.На Нану му било овозможено да се запише во традиционалното, основно училиште Ецутиниритал (Ezhuthinirithal) од страна на Чемпазанти Пилаи (Chempazhanthi Pillai), директор на училиштето и селски офицер. Освен на училиште, младиот Нану продолжил да се школува и во домашни услови, под раководство на неговиот татко и вујко му Кришнан Ваидјан (Krishnan Vaidyan) кој бил познат ајурведски физичар и научник во областа на Санскритот, од каде што ги научил основите на јазиците „Тамил" и „Санскрит" и на некои традиционални предмети како Siddharūpam, Bālaprobhodhanam и Amarakośam. Како дете, Нану бил многу ќутлив и сите во храмот интензивно му се восхитувале. Тој ги критикувал своите роднини поради општествената дискриминација и праксата на апертхејд, во сегрегацијата на децата од пониските касти. Тој ја сакал самотијата и на крај многу често го наоѓале потонат во медитација со часови.Тој покажал афинитети кон поезијата и умувањето, при што создавал химни кои потоа ги пеел за да го воспее Бог. Неговата мајка умрела кога тој имал 15 години. Нану, поголемиот дел од неговата младост го поминал во асистирање на татко му во подучувањето, а на вујко му во пракса на ајурведата, додека остатокот од времето го посветил на посветени вежби во поблиските храмови.

Трансформација во учител, јоги и трагач по вистината

Младиот Нану, на возраст од 21 година, имал ненаситен ум и поради тоа бил испратен кај познатиот научник, Кумампили Раман Пилаи Асан(Kummampilli Rāman Pillai Āśān) во Карунагапали (Karunagapally), село кое било педесет милји оддалечено од неговиот дом. Додека живеел како гостин во куќата на познатото семејство Варанапали (Varanapally) во близина на Кајамкулам (Kayamkulam), Нану, заедно со другите ученици, учел Санскрит и поезија,драма и книжевна критика, како и логичка реторика. Тој ги изучувал ведите и упанишадите. Тој исто така започнал да предава во некое училиште во негова близина.Поради неговото знаење се стекнал со почит од многумина и бил познат како Нану Асан („Nanu Asan"). Нану се вратил дома за да помине одредено време со татко му кој бил на смртна постела. За кратко време раководел со селското училиште за децата од неговото соседство. И во исто време го продолжил својот престој поради „ултимативната вистина", тој често го поминувал своето време затворен во храмовите, пишувајќи поеми и химни и држејќи им лекции на селаните за филозофските и морални вредности.

Брачен живот

Под притисок на неговото семејство, Нану се оженил со Калиама (Kaliamma), ќерката на традиционалниот доктор од селото. Свадбата, на негово барање, била едноставна церемонија, на која самите сестри на невестата го извеле свадбениот јазол ('Thaali'). Невестата останала со нејзините родители,не многу подоцна, откако Нану Асан станал скитник. 'Parivrajaka' (Париврајака – духовен скитник) По смртта на неговиот татко и жена му, Нану Асан го продолжил својот пат на скитнички Sanyasin. Тој станал 'Parivrajaka' (Париврајака – човек кој талка од место во место во потрага по Вистината). Во текот на овие денови, Нану го запознал Куњан Пилаи (Kunjan Pillai), кој подоцна станал познат како Чатампи Свамикал (Chattampi Swamikal). Куњан Пилаи (Kunjan Pillai), кој ги открил и почитувал филозофската генијалност и страст за јогата на Нану, го запознал со Тајкауд Ајаву (Thycaud Ayyavu), „Hatha" јоги. Со помош на инструкторот, Нану Асан совладал разни јога вежби, вклучувајќи ја и "Hatha Yoga".

Просветлување и негово поетско прикажување

Нану се преселил во неговото пустинско живеалиште, длабоко во планинската шума Марутвамала (Maruthwāmala), каде што живеел суров живот, потонат во медитирачки мисли и јога и се подложил себеси на ритуали тешки за издржување. Оваа самотна фаза траела долги 8 години. По непретенциозен живот од триесетина години, исполнети со знаење и тешки искуства, оваа епоха се смета за кулминација на медитативниот циклус; точката за која се смета дека Нарајана Гуру ја достигнал состојбата на Просветлување. Подоцна, литературното и филозофско ремек-дело на Нарајана Гуру, "Atmopadeśa Śatakam" (сто стихови за самостојно вежбање, напишано на Малајан, околу 1897 година) се смета за плодно поетско изразување, појаснувајќи ја филозофијата за еднаквост на Гуру, што произлегува од неговото постигнување на фаза на исконско знаење и суштественост на Универзумот; и неговота способност да ја гледа човечката раса, од достојна и возвишена перспектива, како генијалец со неограничена еднаквост и без никаква расна, религиозна, дискриминација по касти, или каков било друг облик на дискриминација.

Осветување на „Siva Lingam" во Арувипурам)

Учењето од светите книги и вежбањето јога, не ја изгаснало жедта на Нану. Тој продолжил со талкање, во потрага по Вистината. Со текот на времето, стасал до едно убаво место кое се викало Арувипурам (Aruvippuram). Тоа било шумска област. Имало планини наоколу. Шумолењето на рекичката (реката Нејар), исто така било присутно на ова место. Како што се` повеќе луѓе ги сопирале него и неговите следбеници, поради лечење или совет, се јавила потреба од постојан храм за да го обожуваат Шива (Shiva). На убаво место, близу до реката, тие изградиле мал свод со лисја од кокос и манго врз олтар од камен кој се наѕирал од водата. Годината била 1888 година. Тие импровизирале ламби од школки и ги подредувале во низи.Ламбите ги палеле во самракот и флејтист почнувал да свири побожни тонови. Целото место наскоро потоа се наполнило со побожни селани. Гурудеван, кој цела вечер седел настрана и медитирал, на полноќ станал и влегол во реката. Илјадници гледале молчеливо (еден кореспондент напишал, „Доколку тишината би имала музика, атмосферата била исполнета со неа."), него го снемало во реката, и повторно се појавил држејќи во раката идол на Шива. Тој стоел до олтарот три саати држејќи го идолот во рацете, задлабочен во медитација, додека пак, по образите му течеле солзи. Конечно, во три часот наутро, тој го поставил идолот на пиедестал. Неговата постапка била иста како да ги превртиш масите во менувачница, или пак, да не отстапиш од седиштето во автобус. Од почетокот на времето, како што им бил познато на сите, само Браманците имале поставено идол. Но, сепак кога Гурудеван го извршил свечениот обред, многу природно му дошло да избере камен и да го постави идолот на него. За оние кои се прашувале дали тајмингот за осветување е добар и велеле дека времето не било поволно, гледано од астролошки аспект, тој им одговорил:Хороскопот се утврдува по раѓањето на детето, а не претходно. Тој им наредил да постават плоча со мото, на ѕидот на храмот на кое ќе пишува: Одделени од разделувачките ѕидови на кастите Или омразени од соперничките верувања Сите ние живееме овде Во Братство, За такво, се смета ова место! Овој Модел на Темел! Нова фаза започнала во животот на Гуру во 1904 година. Тој одлучил да се откаже од скитањето и да се смести некаде каде што ќе продолжи со Садана (Sadhana-духовна вежба). Тој го одбрал Сивагири (Sivagiri), кој се наоѓал дваесет милји северно од Тируванантапурам (Thituvananthapuram). Божицата ‘Amba’(Амба), станала божество кое тој го обожувал. Потоа, тој основал училиште за изучување на Санскритот во Варкала (Varkala). Под негова грижа ги земал сиромашните момчиња и сирачињата. Тие биле образовани без разлика во која каста спаѓале. На различни места биле градени храмови – " Kannur"," Anjuthengu"," Tellicherry"," Calicut"," Mangalore". Исто така, бил изграден храм за Шарада Деви (Sharada Devi) во 1912 година во Сивагири.Обожувањето во вакви храмови, помогнало да се намалат суеверните верувања и обреди. Еден од храмовите, изграден во Трисур (Thrissur) е храмот Шри Нарајана во Коркенчери (Koorkenchery). Храмот, има училиште под негова закрила кое се вика „Шри Нарајана". Училиштето ги охрабрувало талентите на учениците, преку организирање на натпревари за таленти. Овие натпревари, секоја година редовно се одржувале и биле подлога за децата да истапат и да ги откријат своите таленти. Во 1913 година, тој го основал "Advatia Ashram" во Алува (Aluva). Овој настан бил многу важен за неговата духовна потрага. Овој Ашрам (Ashram) бил посветен на еден важен принцип – "Om Sahodaryam Sarvatra" (сите луѓе се еднакви во очите на Бог). Ова станало мото на новиот Ашрам.

Кога Нарајана Гуру наполнил шеесет години, неговиот роденден бил набљудуван низ западниот брег, од Мангалор до Шри Ланка. Помеѓу 1918 и 1923 година,тој многупати ја посетил Шри Ланка. Во 1921 година, била одржана „Конверенција на универзалното братство" во Алува. Повторно, во 1924 година, таму била одржана конференција на сите религии. Гуру ја истакнал потребата од Brahma Vidyalaya поради компаративно изучување на различни религиозни верувања. Шри Нарајана Гуру имал многу следбеници и истомисленици. Натараја Гуру, познат истомисленик на Шри Нарајана Гуру,му ги претставил визиите и идеалите на Гуру на западниот свет. Тој во 1923 година, го основал "Narayana Gurukulam" во планините Хилгири, со благослов од Нарајана Гуру.

„Om Sahodaryam Sarvatra" (Братство за сите)

Во 1913 година, Гуру основал Ашрам во Алува. Тој бил наречен "Advaita Ashram". Ашрамот бил посветен на многу важен принцип – "Om Sahodaryam Sarvatra" (сите човечки суштества се еднакви пред очите на Бог). Во 1921 година, била одржана „Конференција на универзалното братство" која се одвивала во Алвај (Alwaye). Повторно, во 1924 година, таму била одржана конференција на сите религии. Гуру ја истакнал потребата од "Brahma Vidyalayam" поради компаративно изучување на различни религиозни верувања. Институција, наречена "Narayana Gurukulam", била основана во планините Нилгири, "Tamil Nadu" од Бодананада Свамикал (Bodhananda Swamikal) кој подоцна бил предаден на Натараја Гуру. Последно патување до Цејлон (Ceylon)