Ричард Хју „Ричи“ Блекмор () (роден на година во Вестон-супер-Мер) е англиски гитарист кој бил основач на хард-рок бендовите Deep Purple и Rainbow.Блекмор го напуштил “Deep Purple” прво во 1975 година, а повторно во 1993 година поради зголемените недоразбирања помеѓу Блекмор и останатите членови на бендот во врска со обновениот комерцијален успех. Неговиот сегашен бенд е под влијание на ренесансата и се вика Blackmore’s Night. Блекмор, според магазинот “Rolling Stone” е рангиран на 55 место на листата за „Најдобрите 100 гитаристи на сите времиња“.

Детство и понатамошен живот

Блекмор е роден во приватниот дом за стари лица [“Allandale”] во Вестон-супер-Маре, Англија, но кога имал две години се преселил во Хестон, Мидлсекс. Тој имал 11 години кога ја добил својата прва гитара. Татко му му ја купил под неколку услови: „Тој рече дека ако свирам на гитарата, или ќе најде некој да ме подучува, или ќе ми ја тресне од глава. Всушност, одев на часови една година-за класична музика-и тоа ме нанесе на правиот пат, користење на сите прсти, правилни замавнувања со трзалицата и сите други глупости што одат со тоа“. На училиште бил многу добар во спортот, особено во фрлање копје. На 15 години, Блекмор го напуштил училиштето и почнал да работи како чирак на радио механичар во близина на аеродромот Heathrow. Тој одел на часови по гитара кај Биг Џим Саливан. Ричи, во неговата младост бил инспириран од тогашните рокери како Хенк Марвин и Гене Винсент, а подоцна од свирачите на кантри-музика како Чет Аткинс.Неговото свирење се подобрило и во раните 1960-ти, започнал да работи како привремен свирач во музичките продукции на Џо Мек и свирел во неколку бендови. Тој бил член на малиот џез оркестар “The Outlaws” и ги потпомагал Хајнц (свирел на неговиот хит “Just Like Eddie”), “Screaming Lord Sutch”, Гленда Колинс и Боз. Додека работел за Џо Мек се запознал со инженерот Дерек Лоренс кој подоцна ги создал првите три албуми на “Deep Purple”. Блекмор,заедно со оргуларот Џон Лорд во 1968 година го основале хард-рок бендот “Deep Purple” и бил нејзин член од 1968 до 1975 година и повторно од 1984 до 1993 година. Кариера Блекмор, во 1968 година со Вејн Блејд го основал бендот Roundabout со Крис Куртис (вокал), Дејв Куртис (бас), Џон Лорд (клавијатури) и Боби Вудман ака Боби Кларк (тапани). Подоцна името на бендот било променето во “Deep Purple”,а вокалот,басистот и тапанарот биле сменети со Род Еванс (вокал), Ник Симпер (бас) и Ијан Пејс (тапани). Промена на името во “Deep Purple” било идеја на Блекмор, по најомилената песна на неговата баба. Нивната преработка на песната “Hush” од Џо Саут станала голем хит во САД. По издавањето на три албуми, Еванс и Симпер биле заменети со Ијан Гилан (вокал) и Роџер Гловер (бас). Првиот студиски албум на вториот состав In Rock, го променил стилот на бендот во хард-рок насока. Гитарските рифови на Блекмор, дисторзијата од “Hammond” оргулата на Џон Лорд и тапаните со џез примеси на Ијан Пејс биле надополнети од вокалот на Ијан Гилан за кого Блекмор рекол дека бил „врескач со длабочина и осет за блуз“. Наредното издание било насловено Fireball и продолжило со истиот хард-рок стил истакнат во претходното издание и гитарата на Блекмор која е позната одлика во стилот на бендот. Наредниот албум на “Deep Purple” се викал Machine Head. Бендот имал намера албумот да биде снимен во казино во Mountreux, но вечерта пред снимањето во касиното требало да започне концерт на Френк Запа (со учество на членови од “Deep Purple”) и на концертот, некој од публиката пукнал со сигнален пиштол кој предизвикал пожар во казиното и казиното изгорело. Целата трагедија е документирана во текстот на историската химна на “Deep Purple” Smoke on the Water. Во 1973 година, кратко по излегувањето на албумот “Who Do We Think We Are”, Ијан Гилан и Роџер Гловер го напуштиле “Deep Purple”. Тие биле заменети со поранешниот басист Глен Хјуџис и непознатиот пејач Дејвид Ковердејл. Албумот снимен со новата постава се вика “Burn”. “Deep Purple” продолжиле да одржуваат концерти низ целиот свет, а во 1974 година се појавиле и на “California Jam”, телевизиски концертен фестивал на кој учествувале и многу други познати бендови. Во моментот кога “Deep Purple” требало да се појават на сцената, Блекмор се заклучил во соблекувалната и одбивал да се појави на сцената. Претходните изведувачи завршиле порано и сè уште не било зајдисонце, времето кога тие требало да настапат.Блекмор мислел дека тоа ќе го намали ефектот на нивното лајт шоу. Откако “ABC” донеле шериф за да го уапси, Блекмор се согласил да настапи. На кулминацијата на нивниот настап, Блекмор уништил неколку негови гитари и фрлил една од неговите засилувачки прачки од работ на сцената. Тој исто така со гитара удрил и една од камерите на “ABC” и на снимената видео касета може да се забележи како неговиот екипаж мести пиротехничка направа во еден од засилувачите и се создала голема огнена топка која бргу била изгасната. Бендот бргу, со хеликоптер го напуштил местото избегнувајќи ги офицерите, полицијата и извршните органи на “ABC”. Следниот албум на “Deep Purple”, Stormbringer бил јавно разоткриен од Блекмор лично кој не ги сакал фанки и соул елементите кои Хјуџис и Ковердејл ги внеле во бендот.По издавањето на албумот, Блекмор го напуштил “Deep Purple” за да основа нов бенд “Rainbow”, за кој претходно се мислело дека ќе биде уникатна соработка помеѓу Блекмор и Рони Џејмс Дио-фронтмен на бендот “Elf”, но подоцна се дознало дека е проект за нов бенд.

(1975-84) Првите години на “Rainbow”

По “Deep Purple”, Блекмор го основал хард-рок бендот “Rainbow”. Името на бендот “Rainbow” било инспирирано од холивудскиот бар и гостилница “Rainbow” кој ги снабдувал со храна рок ѕвездите, придружничките и рок ентузијастите. Таму Блекмор го поминал времето откако го напуштил “Deep Purple” и го запознал вокалистот Рони Џејмс Дио, чиј бенд “Elf” бил на турнеја како предгрупа на “Deep Purple”. Деби албумот на бендот “Rainbow” на Ричи Блекмор, бил издаден во 1975 година. Стилот на бендот се разликувал од стилот на претходниот бенд на Блекмор, а големата инспирација на Блекмор му дошла од неговата љубов кон класичната музика која убаво се поврзала со средновековните текстови на Дио. Блекмор ги отпуштил сите оригинални членови на бендот освен Дио, кратко по снимањето на првиот албум и создал нова постава за снимањето на албумот Rainbow Raising. За наредниот албум, Long Live Rock ‘n’ Roll, Блекмор ги задржал тапанарот Кози Повел и Дио, но ги заменил останатите членови на бендот. На Блекмор му било тешко да најде соодветен басист за оваа снимка, па самиот се погрижил за сите бас делови, освен во три песни: “Gates of Babylon”, “Kill the King” и “Sensitive To Light” (басист во овие три песни бил Боб Дејзли). По издавањето на албумот и турнејата, Рони Џејмс Дио го напуштил “Rainbow” поради „креативни разлики“ со Блекмор. Блекмор продолжил со “Rainbow” и бендот издал нов албум со име “Down To Earth”, во која на бас се појавува неговиот поранешен колега од “Deep Purple” , Роџер Гловер. Албумот го содржел првиот успех на Блекмор на топ листите откако го напуштил “Deep Purple”, песната “Since You Been Gone” (наслов на “Russ Ballard”) со Грем Бонет-вокал, станала огромен хит. Во 1980 година “Rainbow” бил на чело на фестивалот “Monsters of Rock” во замокот “Donington” во Англија. Бонет и Кози Повел после овој настап го напуштиле бендот, Повел им се придружил на поранешните членови на “Deep Purple” во бендот Whitesnake”. Следниот албум на бендот Difficult to Cure го најавил вокалистот Џо Лин Тарнер. Насловна нумера на овој албум била преработка од „Деветтата симфонија“ на Бетовен која му била омилена на Блекмор. Нареден албум на “Rainbow” бил албумот Straight Between the Eyes и го содржел хитот Stone Cold. По овој албум следел албумот “Bent Out of Shape” кој ја содржел песната “Street of Dreams”. Спотот за песната бил забранет од MTV, поради наводно контроверзниот хипнотички видео клип. На турнејата, “Rainbow” се вратиле во В.Б. и во Јапонија каде што настапиле со цел оркестар. До средината на 1980-тите, Блекмор и неговите потанешни колеги од “Deep Purple” ги надминале поранешните несогласувања настанало повторно спојување во успешната “Mark II” постава. Последниот албум на “Rainbow”, Finyl Vinyl бил составен од настапите во живо и „б“ страните од сингловите.

(1984-1993) Вторите “Deep Purple” години

Во април 1984 година, на Friday Rock Show на радио [“BBC”] било најавено дека поставата Mark Two со Блекмор, Гилан, Гловер, Лорд и Пејс повторно се формирала и дека снимале нов материјал. Бендот потпишал договор со “Polydor” во Европа и “Mercury” во Северна Америка. Албумот Perfect Strangers бил издаден во октомври 1984 година. Потоа следела турнеја прво во Перт, Австралија и низ целиот свет и во Европа за летниот период. Оваа турнеја, била турнеја со највисока годишна заработувачка. Враќањето во В.Б. се покажало мешано бидејќи одбрале да свират само на еден фестивал, The Return of the Knebworth Fayreво паркот Knebworth на 22 јуни 1985 година. И покрај лошите временски услови, 80,000 луѓе присуствувале на настанот на кој помеѓу другите требало да настапат и “Scorpions”, “Mama’s Boys” и “Meat Loaf”. Настанот го емитувало радиото “BBC One”. Во 1987 година, поставата го снимила албумот The House of Blue Light и организирала турнеја за негова промоција. Во 1998 година, бил издаден албумот во живо “Nobody’s Perfect”. Нова верзија на “Hush” (испеана од Гилан кој не бил член на бендот кога била снимена оригиналната верзија), била издадена по повод дваесет годишнината на бендот. Во 1989 година, Ијан Гилан бил отпуштен од бендот поради слабата соработка со Блекмор. Него го заменил поранешниот вокалист на”Rainbow” Џо Лин Тарнер. Тие снимиле албум со име “Slaves & Masters” (1990). Иако албумот му бил омилен на Блекмор, неговите колеги од бендот биле разочарани трудот за албумот и турнејата. Ниту албумот, ниту турнејата не биле критички или рекламно успешни. Следејќи го неговиот заклучок, Тарнер бил отпуштен од бендот. Двајцата, Џон Лорд и Ијан Пејс тврделе дека на “Deep Purple” му треба Ијан Гилан За фронтмен. Блекмор попуштил и Гилан се вратил пред снимањето на “The Battle Rages On” во 1993 година. За време на промотивната тура при крајот на 1993 година , тензијата помеѓу Блекмор и Гилан го постигнала врвот и Блекмор го напуштил бендот засекогаш. Неговиот последен настап со бендот бил во Хелсинки, Финска на 17 ноември 1993 година. Гилан рекол: „Џо Сатриани дојде во последната минута. Блекмор си отиде, а турнејата требаше да продолжи во Јапонија...беше многу драматично. Тој рече: „Добро, ова е крајот на бендот“, и претпостави дека поради неговото заминување, ние ќе се распаднеме.“ На Сатриани му било понудено да биде долготраен член на бендот, но тој морал да одбие бидејќи имал потпишано долг договор за снимање. Трајна замена за Блекмор била најдена во друга гитарска легенда, Стиви Морс од “Dixie Dregs” кој му се придружил на бендот во 1994 година. Ијан Гилан, кој бил цимер со Ричи Блекмор на почетокот од основањето на бендот, во 2006 година изјавил во интервју дека Блекмор „стана многу чуден и денот кога си замина од турнејата,беше денот кога исчезнаа сите облаци и се појави сонцето и оттогаш се немаме свртено наназад.“ Гилан нагласил дека откако Блекмор „си замина, работите се поправија и се средија неверојатно, невидено добро и сега бендот е во одлична форма.“ Тој додал дека „има неколку лични недоразбирања што ги имам со Ричи, а тоа значи дека никогаш повеќе нема да разговарам со него. Нама ништо јавно да дискутирам, но тоа се длабоко лични работи.“

(1993-1997) Втори “Rainbow” години