Московскиот кремљ () — историски комплекс во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.www.russiancity.ru
Самиот назив Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922 — 1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес, комплексот служи како официјално седиште на претседателот на Русија.
Историја десно|250px|thumb|План за градот, 1917 година Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколкупати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I.
Рана историја Територијата каде денеска се наоѓа Московскиот кремљ била населена уште во 2 век п.н.е. Во текот на 11 век, започнале да се појавуваат првите градови по долината на реката Волга, како што биле Владимир и Ростов. Во почетокот на 12 век, Русите започнале интензивно да ја колонизираат долината на реката Волга. Така, главно поради проблемите кои им биле задавани од страна на номадските племиња, политичкиот центар на Русија во тоа време се преместил од реката Днепар, кон горниот тек на реката Волга. Најголемата колонизација на тие региони започнала кон средината на 12 век, и тоа на територијата на Владимирско-суздаљското Кнежевство, на чие чело во тоа време се наоѓал Јуриј Долгоракиот, син на киевскиот кнез Владимир Мономах, со седиште во градот Владимир. Со преместувањето на центарот на државата по долината на реката Волга биле отворени нови трговски патишта кон Средна Азија, наместо старите кои ја поврзувале старата руска престолнина Киев со Цариград и германскиот град Ханза.
десно|250px|thumb|Приказ на Кремљ во времето на Иван III
Територијата на денешна Москва во тоа време била од големо значење, главно поради тоа што претставувала крстопат помеѓу копнените и речните трговски патишта. Тој простор, кој бил опкружен со две реки од една страна, односно денешните реки Москва и Неглина, и густите шуми од друга страна, бил стратегиски многу значаен, бидејќи на месното население давало голема предност во одбраната и постојаните напади од номадските племиња. Така, поради својата поволна стратешка позиција, таа територија била пресудна за создавање на еден голем градски центар, кој во следните години ќе се носи со големите градови како Владимир или Киев.
Првото познато племе кое опстојувало на овие простори било словенското паганско племе Вјатичи. Ова племе било меѓу првите словенски племиња кои го примиле христијанството како своја религија. Самото име Москва, во руските историски документи за првпат се појавуваво 1147 година. Денеска постојат голем број на легенди за настанувањето на тоа име. Една од најпопуларните легенди е онаа на еден руски историчар од 16 век, кој напишал за човек по име Мосок. Тој човек се смета за основач на градот Москва. Според истата легенда, Мосок имал сопруга која се викала Ква, па одовде произлегло и името на градот Мос-Ква. Со текот на времето, градот станувал значајно место за трговците кои минувале или престојувале во него. Освен ова, градот започнал да се проширува, па започнал да има и значајна улога на политичката мапа на земјата. Главно поради ова, градот станал место каде сè почесто започнале да доаѓаат различни народи и племиња, и истиот да го ограбуваат.
Кон средината на 12 век бил изграден дрвен ѕид на источниот дел од градот, која се сметала за најслабата точка и ги поврзувала реките Москва и Неглина. Така, за првпат била изградена една тврдина, која денеска е позната под името Московски кремљ. Во 1156 година во источниот дел на тврдината бил изграден канал кој ги поврзувал двете реки кон градот. Во текот на 1156 година, големиот кнез Јуриј Долгоракиот околу Москва ги изградил првите ѕидини од дрво. Подоцна, овој кнез започнал да се смета како основач на градот Москва.
Самиот збор кремљ е поврзан со градот Москва, и за првпат се споменува во извештаите поврзани за московскиот пожар од 1331 година. По овој пожар, самиот збор се изгубил и не бил среќаван во наредните два века, сè до 1589 година, кога бил изграден ѕид. Тој ѕид бил значително поголем за разлика од претходниот, главно поради тоа што населението на градот бил значително зголемено. Во тие документи, за седиште на царот, односно за негова резиденција во Москва, бил употребуван називот Кремљ.
Изградба Хронолошки развојна Кремљските објекти Изградба Година Реконструкција 1475–79 Катедрала на Успението 1484–86 Црква на Пресвета Богородица во Влахерна 1484–89 Благовештенска црква 1564 1485–99 Кремљски кули 17-19 век 1487–92 Голем кремљски дворец 1505–08 Архангелска катедрала 18 век 1505–08 Камбанарија на Иван Велики 1543, 1600, 1823 1635–36 Теремска палата 1651–52 Забавен дворец ~ 1875 1653–56 Црква Свети Апостоли 1702–36 Кремљски арсенал 1796, 1828 1776–87 Кремљски сенат 1838–49 Голем кремљски дворец 1844–51 Палата на оружјето 1930–34 14. корпус во Кремљ 1960–61 Државна кремљска палата За развојот на градот Москва и Кремљ, значаен период од историјата на градот била монголската инвазија и доминација, која траела сè до распаѓањето на Златната орда во 1405 година. Тој период од историјата на градот е значаен главно поради тоа што тогаш настанало обединување на руската држава и создавање на Големото Московско Кнежевство.
Првиот владетел, кој управувал со Кремљ бил Васил Данаилович Калита (1327-1341), кој Златната Орда ја принудил да му ја признае титулата голем московски кнез. Освен тоа, тој повеќе не морал да плаќа данок на Златната Орда, кое дополнително му овозможило да се стекне со материјални средства. Со ова започнал и процесот на зајакнување на Московската Држава. Во тоа време, градот Москва и формално ја презела улогата на престолнина на земјата од дотогашниот главен град Владимир на Волга. Освен ова, верскиот поглавар Петар и неговиот наследник Теогност го преместиле седиштето на руската епархија од Владимир во Москва, кое придонело градот да стане и духовна престолнина на руската држава. Таквиот развој на настаните му овозможил на Кремљ да одигра значајна улога во натамошната историја на Русија. Самиот владетел Калита се стремел Москва да ја претвори во голем град. Во текот на неговото владеење биле изградени првите цркви во Московскиот кремљ. Исто така биле обновени и ѕидините околу градот.
Првиот московски и руски владетел, кој успеал да ги порази Татарите бил внукот на Калита, Димитриј Донски, и тоа во Куликовската битка од 1380 година. Во 1367 година, големиот кнез Димитриј Донски ги поставил темелите на Московскиот кремљ. Во исто време, градот бил проширен кон неговата источна страна. За изградба на Кремљските ѕидини бил користен бел камен. Самиот бедем се состоел од два потпорни ѕида кои биле исполнети со чакал. На бедемот се наоѓало и одбранбено оружје, како и војска која го заштитувала градот од можни напади. Претходните дрвени капии биле заменети со железни.
Димитриј Иванович Донски
Овие ѕидини имале големо политичко и стратешко значење за Москва и нејзиниот владетел Димитриј Донски. Овие градски бедеми ја одликувале моќта на Москва над останатите руски градови, како во политичка така и во воена смисла. Во текот на 1368 година, литванскиот кнез Олгерд тргнал кон воен поход чија цел била освојување на Москва.
Но, кога пристигнал пред градските ѕидини и кога увидел дека нема да може да ги заземе, тој побарал примирје. Во 1368 година се случила опсада на градот од страна на Татарите. Во текот на оваа опсада, ѕидините биле пробиени. Главно поради поразот на Татарите во Куклиновата битка, канот Токтаниш наредил да се разруши целиот кремљ. Така, голем број на цркви и палати, според некои податоци, биле целосно разрушени, опожарени или ограбени.
Во текот на таа инвазија, биле убиени околу 24.000 жители на градот. По заземањето на градот од страна на московските власти, кремљ бил многу бргу обновен. Така биле изградени нови катедрали и дворци, голем дел од нив на темелите на старите. Освен тоа, повторно биле изградени и ѕидините на градот.
Занимлив е фактот што доколку се погледне денешната карта на градот Москва, ќе се забележи дека неговото население и денеска главно е концентрирано околу Московскиот кремљ, и самата тврдина се наоѓа во центарот на градот. Со мали измени, обликот на Кремљ од тоа време се задржал до денес. Сепак, мора да напомене дека од старите ѕидини од 14 век, денеска нема останато ништо. Во следните два века, тврдината станала најголемата во земјата.
Ренесансен кремљ thumb|Поглед од сите страни на реката Москва во 1820-тите thumb|Теремската палата во 17 век thumb|Панорама од градот во 1908
Во текот на втората половина на 15 век, Русија и понатаму била обиколена со непријателски соседи. Швеѓаните и Литванците од север и запад ја затворале границата кон Европа. И покрај тоа што во 1405 година Златната Орда се распаднала заедно со татарската држава, голем дел од татарските племиња и понатаму ѝ задавале проблеми на руската држава. Голем дел од денешните градови и провинции во Русија биле автономни или независни. Наспроти ова, во Западна Европа се родила ренесансата.
Најуспешен владетел од овој период бил Иван III (1462-1505), човек кој ги удрил темелите на новата руска држава, протерувајќи ги татарските племиња и проширувајќи ја својата држава. Тој се оженил за византиската принцеза, а во својот двор донел голем број на архитекти, сликари, писатели и уметници од Рим и Цариград. На тој начин, во Москва и Кремљ започнале да се мешаат византиската и западноренесансната култура, кое имало големо значење за изгледот на самиот Кремљ.
По падот на Констнтинопол, градот Москва започнал да се нарекува Трети Рим, а самата руска држава сметала дека е директен наследник на Византија. Во 1485 година започнала голема реконструкција на Кремљ. Во 1474 година, по препорака на руската царица, Иван III во Италија го испратил Симон Толбузин, стручњак по архитектура, со цел во Русија да го доведе најдобриот достапен архитект. Така, следната година, заедно со него во Кремљ пристигнал Ридолфо Фираванти Аристотеле де Болоња, еден од најпознатите италијански мајстори во областа на архитектурата, металургијата, инженерството и градењето на воени тврдини. Мисиите од таков тип, во текот на следните дваесетина година, на неколкупати се поновиле. Така, на реконструкцијата и повторната изградба на Московскиот кремљ работеле најголемите италијански ренесансни мајстори од 15 век. Така во тоа време биле изградени осумнаесет кули. Прва кула која била изградена била Таинитската кула. Сите кули биле покриени со дрвен кров. Висината на кулите варирала од 28 метри до 71 метар, во зависност од времето и намената.
Во поглед на оваа реконструкцијата на ѕидините и изградбата на кулите, во голем степен се почувствувала присутноста на италијанската ренесанса. За разлика од ова, сосема различно било при изградбата и реконструкцијата на христијанските цркви и катедрали, кои се наоѓале во внатрешноста на градот. Така, при изградбата на храмовите била користена старата руска и византиска архитектура, разграничувајќи ги православните од римокатоличките храмови во Европа.
Реконструкцијата на Кремљ била завршена во времето на Василиј III Московски, син на Иван III.
Период до октомвриската револуција