Герман — православен свештеник и охридски архиепископ во период од 1688 до 1691 и од 1702 до 1703 година.

Бил избран за охридски архиепископ на 8 мај, 1688 година од функцијата воденски митрополит. Изборот бил надвор од канонските правила, бидејќи го извршиле тројца синодални архиереи. Симнат е од архиепископскиот престол на 8 август, 1691 година. Во 1695 година, Герман формално се откажал од престолот, но најверојатно уште еднаш го зел престолот во 1699 година ѝ на него останал до 1702 година, но не подоцна од првата четвртина на 1703 година.

Наводи

Категорија:Архиепископи од 17 век Категорија:Архиепископи од 18 век Категорија:Православни епископи од 17 век Категорија:Православни епископи од 18 век Категорија:Охридски архиепископи