Вранска Краста — археолошко наоѓалиште во дебарското село Могорче. Претставува утврдување од доцната антика. Се наоѓа во месноста каде што се граничат атарите на селата Могорче и Осој, на десниот брег на Мала Река и во непосредната близина на утоката на Белешница во Мала Река, каде се издига висок рид со доминантна положба на кој се забележуваат ѕидови од фортификација. Ѕидовите се зачувани на јужната и југоисточната страна, а ѕидани се од кршен камен и варов малтер. Фортификацијата го чувала патот што одел од Дебар за Кичево.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Богородица — средновековна црква; Кошари — некропола од римско време; Николица — средновековна населба и некропола;
Наводи
Категорија:Могорче