Кошари — археолошко наоѓалиште во дебарското село Могорче. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа во приватна нива, оддалечена околу 1 км северно од селото. На површината се гледаат траги од изгорена земја која е растресита и по боја црвеножолта. На неколку места има парчиња од изгорени човечки коски, како и фрагменти од тегули. Најверојатно се работи за оштетена некропола со гробови од - типот „на две води“, со кремирани покојници.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Богородица — средновековна црква; Вранска Краста — доцноантичко утврдување; Николица — средновековна населба и некропола;
Наводи
Категорија:Могорче