Крст или Св. Арангел — археолошко наоѓалиште во дебарското село Осој. Претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 500 м југоисточно од селото, на десниот брег на Верски Дол, каде се наоѓа мало црквиче посветено на Св. Арангел. Во 1925 година, при проширувањето на црквичето биле откриени темели од постар објект, а околу нив гробови градени од камени плочи, поставени во правец исток-запад.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
Осој; Список на археолошки наоѓалишта во Дебарско;
Наводи
Категорија:Осој (Дебарско)