мини|лево|Веделово Море мини|лево Веделовото море е рабно море во Јужниот Океан, на брегот на Антарктикот. Веделовото море зафаќа површина од 8,245,000 км2. Од север е опкружено со Јужните Шетландски Острови, Јужните Оркиниски Острови, Јужните Сендвички Острови, од запад и југозапад се наоѓа Антарктичкиот Полуостров, а од југ и југоисток се наоѓа Антарктичкото копно. Најголемата длабочина измерена во ова море изнесува 5.148 м. Просечната годишна температура на површинскиот слој изнесува помалку од 0 °C, која во длабочините се зголемува. Морето е откриено од англичанецот Џејмс Ведел во 1823, по чие име го добило и морето.
Поврзано Росово Море
Категорија:Мориња на Антарктикот Категорија:Мориња во Јужниот Океан Категорија:Аргентински Антарктик Категорија:Чилеанска Антарктичка Територија Категорија:Британска Антарктичка Територија Категорија:Филхнер-Ронеова Ледена Плоча