Месут Езил (, ; роден 15 октомври 1988) — германски фудбалер кој игра за англискиот клуб Арсенал и репрезентацијата на Германија. Езил ја почнал својата репрезентативна кариера во 2009 година. Тој стекнал вниманите за време на Светското првенство во 2010 година кога бил номиниран за наградата Златна топка, која што се доделува на најдобриот играч на првенството. Езил ја почнал својата сениорска кариера во Шалке 04 во Бундеслигата во 2006. Езил во 2008 потпишал за Вердер Бремен, за подоцна, во август 2010 година, да потпише за шпанскиот прволигаш Реал Мадрид по одлично прикажаните натпревари на Светското првенство за Германија. Во 2013 година, на последниот ден од трансфер периодот, тој потпишал за Арсенал за клупска рекордна сума од 42,5 милиони фунти. Трансферот во Арсенал го направил Езил најскапиот германски фудбалер на сите времиња.
Наводи
Надворешни врски Официјален портал
Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Германски муслимани Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Германски автобиографи