Кралство Прусија () — германско кралство од 1701 до 1918. Сè до поразот на Германија во Првата светска војна, тоа сочинувло скоро две третини од површината на Германското Царство. Името го добила од истоимената територијата Прусија, иако неговата база бил Бранденбург.
Историја Основање
Од 1618, Изборното Кнежевство Бранденбург и Војводството Прусија стапиле во личен сојуз од страна на Хоенцолерн („Бранденбург-Прусија“). Во текот на Втората северна војна, Договорот Лабиау и Договорот Велау-Бромберг му доделиле на Хоенцолерн суверенитот во Пруското војводство. Така, во замена за сојуз против Франција во Војната за шпанското наследство, изборниот кнез Фридрих III се крунисал самиот како Крал во Прусија како Фридрих I во 1701. Технички, ниедна кралство не можело да постои во Светото Римско Царство, освен Бохемија. Меѓутоа, Фридрих го зазел ставот дека Прусија никогаш не припаѓала на царството и дека Хоенцолерн го има целиот суверенитет над него, тој можел да ја воздигне Прусија во кралство. Титулата „Крал во Прусија“ била усвоена, бидејќи тие биле сè уште само избирачи во тој дел на Прусија, кој бил сè уште дел од Светото Римско Царство. Тоа било така сè до 1772, кога титулата била променета во „Крал на Прусија“.
1701-1740: Рана историја
Новото Кралство Прусија било многу сиромашно - уште не целосно закрепнато од уништувањата во Триесетгодишната војна — и неговата територија била неповрзана долж 1200 километри: од земјите на Војводството Прусија на југоисточниот брег на Балтичкото Море, до Хоенцолерновиот средиштен дел во Бранденбург, до енклавите Клеве, Марк и Равенсберг во Рајнската Област. Во 1708, околу една третина од населението на Војводството Прусија било жртва на бубонската чума.Вокер, Мак, Салцбуршка спогодба: протерување и откуп во XVIII век во Германија, (Печат на Универзитет Корнел, 1992), 74. Чумата го достигнала Пренцлау во август 1710, но на крајот се повлече пред да го стигне во главниот град Берлин, кој бил само 80 километри оддалечен.
Поразот на Шведска од страна на Русија, Саксонија, Полска, Данска-Норвешка, Хановер и Прусија во Големата северна војна (1700–1721) го означи крајот на значајната шведска моќ на јужните брегови на Балтичкото Море. Во текот на Померанската кампања и со Пруско-шведските Стокхолмски договори (јануари 1720), Прусија ја добила јужната Шведска Померанија со Штетин (Шчеќин). Веќе во 1529, Хоенцолерновиот Бранденбург го обезбедил враќањето на Војводството Померанија по серија конфликти и го добил неговиот источен дел по Вестфалскиот мир.
Во тоа време, трендовите поставени по предлог на големиот изборен кнез го достигнале нивниот максимум, како Јункер, земјопоседничката аристократија, биле заковани од Пруската армија. Оваа ера исто така сведочи за подемот на задолжителното образование во Германија. Кралот Фридрих Вилхелм I го вовел прускиот задолжителен систем во 1717 година.
1740-1760: Шлески војни
Во 1740, кралот Фридрих II (Фридрих Велики) дошол на престолот. Користејќи го како изговор договорот од 1537 година (ставено вето од страна на царот Фердинанд I), со кој делови од Шлеска требало да поминат кон Бранденбург по исчезнувањето на владејачката Пјастовска династија, Фридрих ја окупирал Шлеска, а со тоа и го означил почетокот на Војната за австриското наследство. По брзото окупирање на Шлеска, Фридрих понудил да ја заштити надвојвотката Марија Тереза, ако покраината се сврти кон него. Понудата била одбиена, но Австрија се соочувала и со други конкуренти и Фридрих на крајот бил во можност да се стекне со формална цесија со Берлинскиот конгрес во 1742.
На изненадување на многумина, Австрија успеала да ја обнови војната успешно. Во 1744 Фридрих нападнал повторно за да ја спречи одмазда и овојпат ја нападнал покраината Бохемија. Тој не успеал, но францускиот притисок врз австрискиот сојузник Велика Британија доведол до серија договори и компромиси, кулминирајќи во 1748 Ахенски договор да го врати мирот и да ја остави Прусија во поседувањето на Шлеска.
Понижена од страна на цесијата на Шлеска, Австрија работела да обезбеди сојузи со Франција и Русија („Дипломатска револуција“), додека Прусија пристигнала во кампот на Велика Британија формирајќи го Англо-пруски сојуз. Кога Фридрих превентивно ја окупирал Саксонија и Бохемија во текот на неколку месеци во 1756–1757, тој ја започнал Седумгодишната војна, која исто така може да се смета како Прва светска војна, бидејќи тогаш имало борби на три континента (француските и британските колонии).
Оваа војна била очајна за Пруската армија, но фактот дека успеала да се бори против голем дел од Европа во нерешени битки, сведочи за воените вештини на Фредерик. Соочувајќи се со Австрија, Русија, Франција и Шведска истовремено и единствено Хановер (и неконтинентална Велика Британија) како значајни сојузници, Фридрих успеал да спречи сериозни инвазии до октомври 1760 година, кога руската армија на кратко го окупирала Берлин и Кенигсберг (денешен Калининград). Ситуацијата станала постепено сè полоша, меѓутоа, сè до смртта на царицата Елисавета (Русија) (Чудо на Династијата Бранденбург). Пристапувањето на прусофилот Петар III го олесна притисокот на источниот фронт. Шведска, исто така, излегла од војната во исто време.
Откако ја победила австриската армија во Битката кај Буркерсдорф и потпирајќи се на продолжување на британскиот успех против Франција во колонијалните војни, Прусија конечно била во можност да извлече статус кво анте белум на континентот. Овој резултат ја потврди големата улога на Прусија во рамките на германските држави и ја создаде земјата како европска голема сила. Фридрих, вџашен од блискиот пораз на Прусија, живеел во неговите денови како многу мирен владетел.
1772, 1793 и 1795: Поделба на Полско-литванската Државна Заедница
На исток и на југ од Прусија, Полско-литванската Државна Заедница била постепена ослабувана во текот на XVIII век. Загрижени од зголемувањето на руското влијание во полските работи и од можното проширување на Руското Царство, Фридрих бил од помош во започнувањето на првата поделба на Полска помеѓу Русија, Прусија и Австрија во 1772 година, да се одржи рамнотежата на моќта. Кралството Прусија анексирало поголем дел од полската покраина на Кралска Прусија, вклучувајќи ја и Вармија; анексираното подрачје било организирано следната година во покраината Западна Прусија. Новата територија ги поврзувала покраината Источна Прусија (територија претходно позната како Војводство Прусија) со покраината Померанија, обединувајќи ги кралските источни територии.
По починувањето на Фридрих во 1786, неговиот внук Фридрих Вилхелм II ги продолжил поделбите, освојувајќи голем дел од западна Полска во 1793 година.
Во1795, Кралството Полска престанува да постои и голема површина (вклучувајќи ја и Варшава) на југ од Источна Прусија станала дел од Прусија. Тие нови територии биле организирани во покраини Нова Шлеска, Јужна Прусија и Нова Источна Прусија.
1801-1815: Наполеонови војни
Договорот од Базел (1795) стави крај на војната на првата коалиција против Франција. Во него, Првата Француска Република и Прусија утврдиле дека тој ќе обезбеди неутралност на Светото Римско Царство во сите скорашни територии северно од демаркационата линија на реката Мајна, вклучувајќи ги и британските континентални територии, како Изборно кнежевство Хановер и Војводствата Бремен-Верден. За таа цел, Хановер (вклучувајќи го и Бремен-Верден) исто така мораа да обезбедат трупи за т.н. демаркациона армија одржување на оваа државна оружена неутралност.
Во текот на војната на втората коалиција против Франција (1799–1802) Наполеон Бонапарт ја повикал Прусија да ги окупира континенталните британски територии. Во 1801 24.000 пруски војници го нападнале, изненадувајќи го Хановер, кој се предал без борба. Во април 1801 пруските трупи пристигнале во главниот град на Бремен-Верден Штаде и останале таму до октомври истата година. Обединетото Кралство Велика Британија и Ирска прво го игнорирал пруското непријателство, но кога се приклучил на про-француската коалиција на вооружени „неутрални“ сили како што се Данска-Норвешка и Русија, Британија започнала да ги зазема пруските пловни објекти. По Копенхашката битка коалицијата се распаднала, а Прусија повторно ги повлекла своите војници.
На иницијатива на Наполеон, Прусија повторно ги заробила британските Хановер и Бремен-Верден во почетокот на 1806. На 6 август истата година Светото Римско Царство било распуштено како резултат на Наполеоновите победи над Австрија. Титулата Курфирст (Kurfürst) (Избран принц) на Бранденбург станала бесмислена и била отфрленаКога Светото Римско Царство било распуштено во 1806, функцијата на принц-изборник избирајќи го својот цар била непотребна.. Пред тоа, Хоенцолерновиот суверен држел многу титули и круни, од Врховен гувернер на протестанстките цркви (summus episcopus) до крал, изборен кнез, голем војвода, војвода на разни региони и кралства по негова власт. По 1806, Фридрих Вилхелм III, едноставно, бил крал на Прусија и summus episcopus.
Но, кога Прусија, откако се сврте против Француското Царство, била поразена во Битката кај Јена (11 ноември 1806), кралот Фридрих Вилхелм III бил привремено принуден да побегне на оддалечениот Мемел. По Тилзитскиот мир во 1807, Прусија изгубила околу половина од својата територија, вклучувајќи ја и земјата добиена од Втората и Третата поделба на Полска (кои сега припаднале на Варшавското војводство) и целата земја западна од реката Елба. Франција го заробила пруско окупираниот Хановер, вклучувајќи го и Бремен-Верден. Остатокот од кралството било окупирано до француските трупи (на сметка на Прусија) и кралот бил задолжен да направи сојуз со Франција и да се приклучи на континенталната блокада.
По поразот на Наполеон во Русија, Прусија се повлекла од сојузот и учествувала во Шестата коалиција за време на „војните за ослободување“ (Befreiungskriege) против француската окупација. Пруските трупи под маршалот Гебхард Леберехт фон Блихер решавачки придонесе во Битката кај Ватерло во 1815 до конечната победа над Наполеон.
1815: По Наполеон
Пруската награда за нејзиниот дел во поразот на Франција дојде на Виенскиот конгрес, каде Прусија добила поголем дел од нејзините загубени територии и значително повеќе, вклучувајќи и 40% од Кралството Саксонија и поголем дел од Рајнската Област. Голем дел од територијата била анексирана во Третата поделба на Полска и била доделена на Царството Полска под руска власт.
Со овие пруски добивки во територии, кралството била реорганизирано во десет покраини. Поголемиот дел од кралството, освен покраините Источна Прусија, Западна Прусија и покраината Позен, станал дел од новиот Германски Сојуз, конфедерација на 39 суверени држави на местото на веќе непостоечкото Свето Римско Царство.
Фридрих Вилхелм II спровел во Прусија голем број на административни реформи, меѓудругото, реорганизација на владата по пат на министерства, која станала формална во следните сто години.
Што се однесува до религијата, реформистот калвинист Фридрих Вилхелм III — како Врховен гувернер на протестантските цркви — го наметнал неговиот долгогодишен негуван проект (започнат во 1798) за обединување на Лутеранската и Реформираната Црква во 1817, (види Пруска унија). Калвинистичкото малцинство, силно поддржано од Фридрих Вилхелм III и делумно неподготвеното лутеранско мнозинство ја формирале обединетата протестантска Евагелистичка Црква во Прусија. Сепак, следеа кавги предизвикувајќи постојан раскол меѓу Лутеранците обединети во новата Црква и старите Лутеранци од 1830 година.
Како последица на Револуциите во летото 1848, кнежевствата Хоенцолерн-Зигмаринген и Хоенцолерн-Хехинген (управувани од страна на католички кадет-гранка на Династијата Хоенцолерн) биле припоени кон Прусија во 1850, подоцна обединети како покраина Хоенцолерн.
1848-1871: Германските војни за обединување