Илиово (или Илиево) — село во Општина Делчево, источна Македонија.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Осоговија, на извесно растојание од јужниот брег на Калиманското Езеро на Брегалница. Сместено е во крајниот северозападен дел на општината. Илиово е ридско село, чија надморска височина се движи од 600 до 660 м, зависно од маалото. Атарот зафаќа . Од спротивната страна на езерото минува патот Делчево-Кочани (А3).
Низ атарот течат следниве водотеци: потоците Градински Дол, Бабин Дол и реката Туришница, и сите се влеваат во езерото на север. Во јужен правец дотекуваат потоците Рибница и Филиски Дол, кои ја образуваат западната односно источната атарска граница. Недалеку од селото е и возвишениот полуостров Дедоантоска Чука.Дедоантоска Чука (9276413) — GeoNames
Историја Подрачјето на Илиово е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Гробишта крај брегот.
На почетокот на XX век Илиово било село в Малешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Илиево било мало село сочинето од 180 Македонци христијани.
Целото население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Илиево имало 160 Македонци (сите под егзархијата) и во селото работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
Во 1924 г. кај Илиово и Калиманци чета на ВМРО, на чело со војводата Панчо Михајлов, водела целодневна битка со српски единици кои биле во потера по неа.Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 718.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.
Стопанство Како ридско село, Илиово има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото имало 360 ха обработливо земјиште, 756 ха шуми и 96 ха пасишта.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Во првите децении на XX век Илиово бележело голем пораст на населението. Ова траело сè до 1960-тите, кога бројот на жители почнал да опаѓа. Покрај позатата преселба село-град, познато е дека некои жители на Илиово се преселиле во селоо Градец на местото на иселените Турци.Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница. Намалувањето на населението постепено продолжило во следните децении. Иселуваењето дополнително се засилило со изградбата на акумулацијата Калиманци.
Според пописот од 2002 година, селото има 127 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 42 Македонци, 1 останат и 7 лица без податоци.
Самоуправа и политика Во селото постои избирачкото место бр. 0602 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 74 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Боришко Маало — средновековна црква и некропола Гробишта — населба од доцноантичкото време
Личности Гога Трајанов — револуционер на ВМОРО, царевоселски (делчевски) и пијанечки војвода во 1914 г.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 171.
Иселеништво Според истражувањата правени во XX век, родови со потекло од Илиово има во следниве населени места:
Виничка Кршла, Виничко: Божанци (4 к.), чиј предок Ефтим-Арсо се доселил на почетокот на XX или крајот на XIX век Градец, Виничко: дел од населението е доселено од Илиово по 1955 г. со иселувањето на Турците Тодоровци, Каменичко: Паламарци (5 к.) доселени во 1895 г. Црн Камен, Виничко: Спасевци (1 к.) доселени во 1900 г.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево