Василица Чука — археолошко наоѓалиште во Костурино, Општина Струмица.

Претставува градиште од хеленистичко и римско време. На околу 4 км северно од селото се наоѓа висок рид што доминира над патот Струмица-Валандово. Самиот врв го опкружуваат остатоци од темели на бедем, ѕидан од камен и варов малтер. На простор од 200 × 60 м во внатрешноста на тврдината се гледаат темели од помали објекти, а се среќаваат и фрагменти од градежна и садова керамика. Најдени се и неколку хеленистички монети кои се чуваат во Заводот и музеј во СтрумицаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Растурен Брег Прогон Орниче

Наводи

Категорија:Костурино