Ќерамидарка — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Мокрино. Претставува населба од римското време и средновековна некропола.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа 2 километри северно од селото, крај патот што води кон полето, на блага падина во подножјето на Беласица.
Опис
Во 1988 година во нивите на Р. Павлов и Ј. Гочев било извршено ископување при што биле откриени два културни стратума. Постариот е од римското време и нему му припаѓаат остатоците од темели на објект што не може да се дефинира архитектонски, во кој се најдени фрагменти од керамички садови и монети од и век. Помладиот стратум претставува средновековна некропола со инхумирани покојници во гробови без конструкција, поставени во насока запад-исток. Поголем дел од некрополата е уништен од орањето и ерозијата, особено во повисоките северни делови. Откриени се 6 гроба со прилози од накит, а во некои и бронзени римски монети ставани како оболи. Од накит има обетки, белезици од стакло и бронза и прстени, што сите заедно се дати-рани во периодот меѓу до век.
Поврзано Крај — средновековна некропола; Селски Гробишта — средновековна црква; Тумба — некропола од римското време; Мокрино; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Мокрино