Селски Гробишта — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Мокрино. Претставува средновековна црква.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на селските гробишта, на источната страна на селото, каде има мала височинка со зарамнето плато.
Опис
На наоѓалиштето се гледаат остатоци од темели на објект со полукружна апсида на источната страна и со насоченост исток-запад.
Поврзано Крај — средновековна некропола; Тумба — некропола од римското време; Ќерамидарка — населба од римското време и средновековна некропола; Мокрино; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Мокрино