Крај — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Мокрино. Претставува средновековна некропола.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на селото.
Опис
При земјоделски работи биле откриени гробови со камени конструкции и во нив биле најдени повеќе гробни прилози од кои се зачувани две масивни белезици со отворени краишта што завршуваат во облик на змиски глави. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Селски Гробишта — средновековна црква; Тумба — некропола од римското време; Ќерамидарка — населба од римското време и средновековна некропола; Мокрино; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Мокрино