Црквичка — археолошко наоѓалиште во струмичкото село Ново Коњарево. Претставува населба од доцноантичкото време и средниот век.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 1,5 километри северно од селото, на едно поголемо обработливо земјиште.
Опис
На наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На северниот крај на наоѓалиштето има понагласена концентрација на средновековна керамика.
Поврзано Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика; Селска Нива — населба од доцноантичкото време; Ново Коњарево; и Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко.
Наводи
Категорија:Ново Коњарево