мини|десно|150п|Индуктор

Во физиката и електрониката, хенри (симб. Хн, H) е изведена SI-единица за индуктивност.„хенри“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет Го носи името на американскиот научник Џозеф Хенри (1797–1878), кој ја открил електромагнетната индукција независно од и истовремено со Мајкл Фарадеј (1791–1867) во Англија. Магнетната пропустливост на вакуумот е 4π×10−7 H/m (хенри на метар).

Дефиниција Ако стапката на промена на струја во едно коло е еден ампер во секунда, а добиената електромоторна сила изнесува еден волт, тогаш колото има индуктивност од еден хенри. Еве ги другите еквивалентни комбинации на SI-единици :

каде

A = ампер C = кулон F = фарад J = џул kg = килограм m = метар s = секунда Wb = вебер V = волт Ω = ом

Поврзано Електрична импеданса Индуктор Вебер (единица)

Наводи

Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Единици за индуктивност Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ