Валдкирхен () — село и поранешна општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Од 1 март 2008 година е дел од општината Гринхајнихен.
Валдкирхен се зголемувал откако се изградила црквата на крајот од селото, од каде потекнува и името („шумска црква“), долж неименуваната странична долина на реката Чопау. Со реформацијата во 1539 година, Валдкирхен станала независна парохија. Населбата Чопентал (спомената во црковните книги за првпат во 1663 година) била основана на реката Чопау, каде во 1687 година била изграден погон за добивање на бои.
Категорија:Села во Саксонија Категорија:Рудни Планини (округ) Категорија:Поранешни општини во Саксонија