Тумен или Туманаја , Туменџанг; — Туманган; ) е река долга 521 км и истата служи како граница меѓу Кина, Северна Кореја и Русија. Реката извира во планината Бекду и се влева во Јапонското Море.
Името на реката потекнува од монголскиот збор што значи „десет илјади“. Реката е многу загадена од фабриките во Кина и Северна Кореја, но сепак, таа е доста позната туристичка атракција во регионот. Во 1995 година, Кина, Русија и Северна Кореја потпишале договор за Економскиот развоен регион „Тумен“. На реката се наоѓаат градовите Хоерјонг, Намјанг и Онсонг во Северна Кореја и Тумен и Нанпинг во Кина.
Галерија
Наводи
Поврзано Корејски Полуостров Корејски Залив
Категорија:Реки во Русија Категорија:Реки во Северна Кореја Категорија:Реки во Кина Категорија:Приморски крај Категорија:Ѓилин Категорија:Погранични реки Категорија:Реки во Приморскиот крај Категорија:Меѓународни реки во Азија