Таки М. Павловски (Желин, Костурско, Егејска Македонија, — Скопје, 18 мај 2023) ― македонски сликар.

Животопис Павловски е роден во 1939 во костурското село Желин. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 патувал во Париз како стипендист на француската влада, а во 1995 и 1990 година користи и сликарско ателје во Париз. Член е на ДЛУМ од 1967 година. Доцент е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Живее и работи во Скопје. Има три ќерки, музикологот и пијанистката Мирјана Павловска - Шулајковска, уметницата Марија Павловска и пијанистката Јана Павловска. Има остварено мноштво самостојни изложби во земјава и странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и Гран при на ДЛУМ, I Зимски салон (1992) и Награда за сликарство „11 Октомври“ (1998).Вест. „Запреното време на сликите на Таки Павловски“

Наводи

Категорија:Луѓе од Желин Категорија:Деца бегалци Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски сликари Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на ДЛУМ