Република Косово (; , Republika Kosovo) или само Косово — еднострано прогласена држава на територијата на Република Србија и делумно признаена држава на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Прогласената држава ја зафаќа српската покраина Косово и Метохија и истата е спорна територија меѓу привремените косовски власти и Србија. Косово нема излез на море и на север и исток граничи со Централна Србија, на југ со Македонија и на запад со Албанија и Црна Гора. Сите три соседни држави Македонија, Албанија и Црна Гора го признаваат Косово како независна држава, со исклучок на Србија. Останатиот дел од границата, поточно северниот и источниот дел, е предмет на контроверзија — заговарачите на независноста на Косово таа линија ја сметаат како меѓународна граница меѓу Косово и Метохија и Србија, додека противниците на оваа идеја сметаат дека е тоа граница меѓу два српски региони: автономна покраина и Централна Србија. Главен град на Косово, а воедно и најголем, е Приштина. Службени јазици на Косово се албанскиот и српскиот јазик.

Владата на Република Косово има де факто власт над големиот дел од територијата на Косово, додека Северно Косово, најголемата енклава на Косовските Срби, е под власт на институциите на Република Србија. Србија не ја признава едностраната независност на овој дел, според меѓународното право кое е нејзина територија. Исто така ја смета за своја покраина која е под администрација на Обединетите нации (УНМИК), во составот на својата суверена територија.

Република Косово е призната од 98 членки на Обединетите нации (~51 %) со што нема мнозинство во ООН, и 22 земји од ЕУ (81%). Рамноправен член е на ММФ, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка на земјите на Југоисточна Европа, како и Меѓународната унија за сообраќај.

Косовскиот спор и војната од 1999 година Косово е предмет на тековен територијален спор меѓу српската влада и албанското мнозинско население во покраината. Статусот на Косово е во фаза на преговори. Според резолуцијата на ОН 1244, Косово сѐ уште е дел од Србија, иако по НАТО-бомбардирањето на СР Југославија од 1999 година е управувано од Обединетите Нации како меѓународен протекторат и со воена заштита на КФОР силите на НАТО. Конечниот статус на покраината сè уште е предмет на спор. Претседател на Косово е Вјоса Османи, а премиер е Албин Курти.

Територијална поделба

Територијата на Косово се состои од две поголеми региони, Косово и Метохија. Косово го зазема источниот дел од територијата, а додека Метохија се наоѓа на западна страна. Територијата на Косово административно е поделена на 30 дистрикта или општини. Главен град на Косово е Приштина, а воедно Приштина е и главен центар на Приштинскиот Округ.

Округ Главен град Површина км2 Населениево 2002 (ранг) Населениена км2 Општини Ѓаковички 75px Ѓаковица 1042 242 077 232 Ѓаковица Дечани Ораховац Гнилански 75px Гнилане Гнилане Косовска Каменица Витина Косовскомитровички 75px Косовска Митровица Косовска Митровица Лепосавиќ Србица Вучитрн Зубин Поток Звечан Пеќски 75px Пеќ Пеќ Исток Клина Приштински 75px Приштина Приштина Глоговац Косово Поле Липљан Ново Брдо Обилиќ Подуево Призренски 75px Призрен Призрен Драгаш Сува Река Малишево Урошевачки 75px Урошевац Урошевац Штимле Качаник Штрпце

Општини центар|317x317пксРепублика Косово

Наводи

Поврзано

Косовска војна Србија Косово

Категорија:Непризнаени држави и територии Категорија:Држави и територии настанати во 2008 година Категорија:Држави во Европа