Чарлстаун е главниот град на островот Невис во карипската држава Свети Кристофер и Невис. Чарлстаун се наоѓа во западниот дел од островот. Чарлстаун е административен центар на парохијата Сент Пол Чарлстаун. Гратчето има околу 2204 жители.

Особености Во близина на гратчето, во јужниот дел, се наоѓа тврдината Чарлс, која имала значајна улога за заштита на населеното место во историјата. На север од гратчето се наоѓа тврдината Блек Рокс. Повеќето од двоспратните камени куќи во гратчето биле уништени од земјотреси. Таквата природна појава довела до градење на двоспратни куќи, каде долниот дел е изграден од камен, а горниот од дрво.

Чарлстаун е родното место"Everybody's Person of the 20th century: St. Kitts & Nevis," Robert Bradshaw, Everybody's Vol: 23 Issue: 11 ISSN: 1072-3099 Date: 12/1999 Start Page: 32 на Александар Хамилтон, каде и го поминал своето детство. Родната куќа на Хамилтон денес е реставрирана и во неа, во долниот спрат, се наоѓа Музејот на историјата на Невис, а на горниот спрат се наоѓа Административното собрание на островот Невис. Во градот има уште два музеја, Музејот Нелсон и Спортскиот музеј на Невис.

Со своите 2000 жители, Чарлстаун е главен административен и трговски центар на островот. Градот е најнаселено место на Невис и поради тоа е главно сообраќајно место. Во Чарлстаун има современо пристаниште.

Наводи

Поврзано Свети Кристофер и Невис Градови во Свети Кристофер и Невис Сент Пол Чарлстаун

Категорија:Градови во Свети Кристофер и Невис Категорија:Невис