Средна согласкаНаречена и централна согласка. е согласен глас што се добива кога воздухот тече по средината на устата преку јазикот. Во фонетиката, оваа класа на согласки е во противположба на страничните согласки, каде воздухот тече по страните на јазикот.

Примери за средни согласки се звучната венечна струјна согласка (мак. з) и преднонепчената приближна согласка (мак. ј). Други примери се средните струјни согласки , средните приближни согласки , трепетните согласки и средните едноударни согласки .

Во македонскиот јазик, средни се согласките: ж, з, ј, с, х и ш.

Поимот не важи за носните согласки како , бидејќи во носот не е можен страничен воздушен тек. Не постои јазик што ги реализира усните избувни согласки странично, иако неусните избувни согласки како може да имаат спореден страничен испуст. Избувните согалски по дефиниција се средни. Усните слеани согласки најчесто имаат страничен тек, бидејќи усните го попречуваат воздухот по средината, но сепак не се сметаат за странични бидејќи ниеден јазик не разликува средни и странични усни слеани согласки.

Во некои јазици, согласките може да бидат помеѓу средни и странични . На пример, јапонскиот има едноударна согласка што може да биде или средна или странична - средна кога стои пред предна самогласка, како во ри , а странична пред задна самогласка, како во ро . Претставувањето на фонемата r самко како или како дава погрешен впечаток, бидејќи изговорот се менува од едно на друго.

Поврзано Странична согласка Начин на творба

Наводи

Категорија:Согласки