Игор Тудор (роден на 16 април 1978 година, во Сплит) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната.
Кариерата ја започнал во својата татковина со Хајдук Сплит, клубот со кој дебитирал во професионалниот фудбал и во кој подоцна и ја завршил својата играчка кариера. Помеѓу двата периода со Хајдук тој играл десеттина години во Италија, главно носејќи го дресот на Јувентус, со кој освоил две првенствени титули (2001-2002 и 2002-2003) и одиграл едно финале во Лигата на шампионите (2003).
По завршувањето на играчката кариера, која ја завршил на само 30 години поради повторливи проблеми со глуждот на десната нога, Тудор се посветил на тренерската кариера која ја започнал во 2013 година повторно со Хајдук. Од тогаш, тој водел уште многу екипи работејќи во шест различни земји: Хрватска, Грција, Турција, Италија, Франција и Англија.
Технички карактеристики Играч Играч надарен со физички и технички предиспозиции, – може да се дефинира како „физички стопер, кој е добар со топката како талентиран играч од средниот ред“ – иако не ги достигнал највисоките нивоа во играта, сепак може да се вметне меѓу најдобрите разновсрни играчи во својата генерација.
Започнувајќи ја кариерата како чист дефанзивец, главно на позицијата централен одбранбен играч, но повремено играјќи и како бек, тој бил успешно промовиран во средниот ред подоцна во неговата кариера поради забележителниот придонес што можел да го понуди во двете фази од играта: при бранење тој стоел како потпора пред последната линија, потпомогнат од неговата физичка сила и големина, додека пак во напад, бил корисен благодарение на добрата основна техника, со топката во нозете покажувајќи добра визија за играта и знаење како да ја диктира играта со неговите додавања. Освен тоа, неговата вродена склоност кон нападот, во итни ситуации или во бурните завршници од натпреварите во кој неговиот тим заостанувал, тој често бил „фрлен“ во мешаницата како централен напаѓач, за да ја искористи својата способност во играта во воздухот и да им помогне на соиграчите.
Големата разноврсност која, во комбинација со решителниот карактер често доведувајќи го на граница со груби манири, но и прилично големиот број на голови, понекогаш дури и одлучувачки, го направиле Тудор сигурен елемент за својот тим. Сепак, од друга страна, неговата кариера била поткопана од бројни повреди - правејќи го, и покрај се, да заработи репутација на „кристален џин“ – кои го забавиле неговиот напредок и му пречеле при конзистентноста во перформансите, што го довело до предвремено пензионирање од играчката активност на само 30 години. thumb|right|Тудор како тренер на во 2017
Тренер Седнувајќи на клупата, тој се покажал како тренер со карактер, кој може да се справи дури и со многу тешки моменти во средини каде владее негативна атмосфера. Тактички, тој ги претпочита формациите 3-4-2-1 и 3-4-1-2, а во помала мера и 3-5-2; важни сегменти во играта што ја поставува Тудор се употребата на многу висок пресинг, со цел да се врати поседот на противничката половина и, следствено, спречување на обидите за градење на акција одзади.
Клупска кариера Хајдук Сплит и Трогир Тудор ја започнал својата кариера во Хајдук Сплит, каде што и израснал. Своето деби за првиот тим го направил во сезоната 1995-1996, во поразот со 1-0 од Марсонија во осминафиналето на Купот на Хрватска. Откако бил испратен на позајмица во третата хрватска лига (во екипата на Трогир), со цел да стекне повеќе искуство, тој се вратил во Хајдук и бил стандарден првотимец на клубот во следните две сезони.
Јувентус и Сиена Во Сплит тој бил забележан од , кој го купил во летото 1998 година, за 4 милиони евра, што до продажбата на Нико Крањчар во 2005 година била најскапата продажба на сплитскиот клуб. Дебитирал за бјанконерите на 29 август, во натпреварот од Суперкупот на Италија, загубен со 1-2 од . Петтнаесеттина дена подоцна, на своето деби во Серија А, Тудор постигнал гол во победата со 4-3 на гостувањето кај . thumb|left|280px|Тудор со Јувентус во сезоната 2002-2003
Тој останал во Торино следните шест и пол години, етаблирајќи се како важен играч во одбраната, но пресвртот во неговата кариера се случил во сезоната 2001-2002, онаа што го донела враќањето на клупата на Јувентус на Марчело Липи, тренерот кој успешно го промовирал Тудор во играч од средниот ред: таа година Хрватот постигнал 4 многу важни гола во трката за скудетото (во градското дерби против , во враќањето од негатива против и , и во директниот дуел против еден од најголемите конкуренти ). Следната сезона, неговиот гол во последната минута против Депортиво Ла Коруња бил одлучувачки за да може Јувентус да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите;Голот на Тудор против Депортиво Ла Коруња во Лигата на шампионите, youtube.com во продолжение, Јувентус стигнал до финалето на натпреварувањето, губејќи го натпреварот за најважниот европски трофеј на пенали од .
По шест сезони со Јувентус, крунисани со освојување на две скудета и два Суперкупа на Италија, во јануари 2005 година, по многуте повреди кои ги лимитирале неговите настапи, како и конкуренцијата на неговата позиција од Лилијан Тирам и новото засилување Фабио Канаваро тој отишол на позајмица во каде што останал и целата наредна сезона, придонесувајќи за опстанокот на тосканскиот тим во Серија А во двете години.
Во летото 2006 година, откако Јувентус бил казнет со исфрлање во Серија Б, тој се вратил во престолнината на Пиемонт за да му помогне на клубот, но немал можност да настапи поради продолженото рехабилитирање од повредата задобиена во претсезоната; откако клубот се обиде да го раскине неговиот договор на почетокот на февруари 2007 поради неговата продолжена недостапност, сепак го задржале во тимот до природниот крај на сезоната, по самонамалувањето на платата од самиот играч. Вкупно во дресот на Јувентус одиграл 174 натпревари и постигнал 21 гол.
Враќање во Хајдук и завршување на кариерата Борејќи се со повредите и мистериозната бактериска инфекција на глуждот, Тудор бил речиси принуден да ја заврши кариерата, но наместо тоа, во јуни 2007 година, тој одлучил да му се приклучи на неговиот поранешен клуб Хајдук Сплит, откако не добил обновување на неговиот договор со Јувентус. Своето враќање на терените го направил во натпреварот против Задар на 20 октомври 2007 година, што бил неговиот прв настап после 16 месеци неиграње. Сепак, не можејќи да се врати во претходната форма, на 22 јули 2008 година, Тудор го објавил своето предвремено пензионирање, што се должело на неговите периодични проблеми со повредата на глуждот.
Репрезентативна кариера Тудор настапувал за хрватската сениорска репрезентација во периодот од 1997 до 2006 година. Тој, исто така, играл и во младинските селекции под 17, под 18, под 19 и под 21 година во периодот помеѓу 1993 и 2000 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил во квалификациите за Светското првенство 1998, во ремито 1-1 со Украина во Киев, на 15 ноември 1997, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Аљоша Асановиќ во 89-тата минута. Последователно, по успешно минатите квалификации, тој бил дел од хрватскиот состав кој го освоил бронзениот медал на Мундијалот во Франција: таму, тој настапил три пати, против Јапонија, Романија и Холандија, сите како замена.
По Светското првенство 1998, тој направил 4 настапи во неуспешната квалификациска кампања на коцкестите во квалификациите за Европското првенство 2000, и бил стартер во сите натпревари. Тој, исто така, одиграл 6 натпревари во квалификациите за Светското првенство 2002, но го пропушти финалниот турнир во Јужна Кореја и Јапонија поради повреда.
Тој се вратил во репрезентацијата за време на квалификациските натпревари за Европското првенство 2004, играјќи во седум од нив. На завршниот турнир во Португалија, тој се појавил во два од трите натпревари на Хрватска во групата. Во неговиот прв настап на турнирот, ремито 2–2 против Франција, тој постигнал автогол со кој и дал предност на Франција од 1–0 во средината на првото полувреме. Неговиот втор настап на турнирот дошол во последниот натпревар во групата на Хрватска против Англија, каде што го постигнал вториот гол на Хрватска за да ги задржи нивните надежи живи откако тие се нашле во негатива од 3–1 во второто полувреме. Сепак, набрзо потоа Френк Лампард го постигнал четвртиот гол за Англија со што ги поставил конечните 4-2, резултат со кој Хрватска била елиминирана од турнирот по групната фаза.
Две години подоцна, Тудор бил во составот на Хрватска и на Светското првенство 2006 во Германија; тој ги започнал сите три натпревари на Хрватска во групната фаза, каде Хрватска била елиминирана од турнирот по ремито 2-2 со Австралија во последниот натпревар од групата, во кој Тудор направил прекршокот за пеналот од кој Австралија го постигнала првиот гол за израмнување на 1-1. Иако Тудор официјално не најавил дека повеќе нема да настапува за хрватската репрезентација, по завршувањето на Светското првенство 2006, тој не запишал ниту еден настап повеќе во национаниот дрес најмногу заради константните проблеми со повреди кој и го принудиле рано да ја заврши играчката кариера.
Хронологија на репрезетнативните настапи
Тренерска кариера Почетоци Во август 2009, Тудор бил назначен за асистент тренер на италијанецот Едоардо Реја во Хајдук Сплит. Во февруари 2010, кога Реја го напуштил Хајдук и ја презел тренерската функција во Лацио, Тудор одлучил да не оди со него во Италија.
Во декември 2011, бил назначен за тренер на У-17 тимот на Хајдук од спортскиот директор на клубот Сергије Крешиќ. По преземањето на оваа фунција, тој напоредно поминал некое време посетувајќи часови во тренинг центарот на Јувентус, каде учел тренерски занает од некогашниот соиграч од Јувентус, Антонио Конте. Со У-17 тимот успеал да стигне до финалето на купот во категоријата.
Хајдук Сплит и ПАОК thumb|right|Тудор како тренер на Хајдук Сплит Во април 2013, Тудор бил назанчен за тренер на првиот тим на Хајдук, заменувајќи го отпуштениот Мишо Крстичевиќ. Веќе во својте први месеци како тренер успеал на клубот да му донесе титула, триумфирајќи во Купот на Хрватска со вкупен резултат 5-4 против Локомотива. Во февруари 2015 бил отпуштен од функцијата по година и девет месец како тренер на Хајдук.
Во јуни истата година Тудор седнал на клупата на грчкиот клуб ПАОК, каде што останал до март 2016 година, кога бил ослободен од должностите, во тоа време клубот се наоѓал на четвртото место на првенствената табела, поради некои лоши резултати и неговите омаловажувачки коментари во однос на квалитетот на составот со кој располагал.
Искуството во Турција: Карабукспор и Галатасарај Во јуни 2016 година, тој бил назначен за тренер на Карабукспор, турски клуб штотуку промовиран во Суперлигата, со кој потпишал едногодишен договор. По добрите резултати кој ги постигнал со Карабукспор, тој го напуштил клубот во февруари 2017 година, за да ја прифати понудата на попознатиот турски клуб , со кој првенството го завршил на четвртото место. Тој, останал во клубот од Истанбул до декември 2017 година, кога бил отпуштен поради некои резултати кои се сметале за незадоволителни, и покрај тоа што тимот бил на второто место на првенствената табела.
Удинезе thumb|left|Тудор на прес-конференција за време на неговиот прв престој во Удинезе, во сезоната 2017-2018 Во април 2018 година, тој бил ангажиран од италијанскиот клуб , каде го заменил отпуштениот Масимо Оддо, водејќи ги црно-белите до опстанокот во Серија А. И покрај тоа што го спасил клубот од испаѓање, тој не бил потврден за тренер во следната сезона; сепак, во март 2019 година, тој се вратил на клупата во клубот од Удине за да го замени отпуштениот Давиде Никола, водејќи го тимот уште еднаш до безбедните позиции на табелата.
За разлика од претходно, овојпат во текот на летото, тој бил потврден за тренер и во следната сезона; сепак, негативниот старт на првенството со само 3 победи во првите 10 натпревари довеле до тоа тој да биде отпуштен во ноември 2019 година.
Враќање во Хајдук, асистент во Јувентус