Липково () — село и административно седиште на истоимената општина, во областа Жеглигово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во западните падини на Скопска Црна Гора, на десниот брег на Липковска Река. На 2 километри од Липково се наоѓа Липковското Езеро. Оддалечено е 13 километри западно од Куманово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 450 метри.
Историја Во XIX век селото било дел од Кумановската Каза на Отоманското Царство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Липково живееле 490 жители, од кои 250 Албанци и 240 Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Липково имало 48 Македонци, патријаршисти, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци.
Населението на селото се зголемувало, така што има население од 1.507 жители во 1961 година, а во 1994 година живееле 2.339 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.644 жители и претставува најголемото село во областа Жеглигово и околината на Куманово. Во него живееле 2 Македонци, 2.631 Албанец и 11 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.138 жители, од кои 2.104 Албанци, 1 Турчин, 1 останат и 32 лица без податоци.
Родови
Липково е албанско село.
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Дерњан (53 куќи), каде што се доселил кон крајот на 18 век. Потекнува од местото Дерњан од областа Мат (северна Албанија).Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
Личности
Родени Реџеп Селмани (1964-), доктор по медицински науки, универзитетски професор по областа хирургија и дигестивна хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје и министер за здравство на С.Р Македонија. Бајрам Шабани, народен херој Крсте Христов, општественик, ктитор на црквата „Црква Св. Димитрија , Скопје“. Садула Дураку (1960 - ), македонски политичар, министер Евзи Мемети (р. 10 јуни 1936) - македонски просветен работник и функционер во СРМ
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Општина Липково Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села