Лопатица — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија, оддалечено 33 километри јужно од Прилеп. Источно од селото се издига Селечка Планина.

Историја

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопатица живееле 210 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Лопатица брои 41 жител, сите МакедонциПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 18 Македонци и 1 Албанец.

Родови

Лопатица е македонско село.

Според истражувањата од 1955 година, родови во селото:

Доселеници: Шијаковци (4 к.) тие се најстариот род во селото, коишто го заселиле селото; Поповци (9 к.) однекаде доселени; Грујовци (6 к.) доселени се од Кракоперци, тоа било мало село во близина на селото Шелеверци. Некој паша во Кракоперци земал во војска двајца Македонци, и поради тоа паднала крв, потоа избегале во Охридско, каде некое време живееле, па потоа прешле во селото Мојно, потоа во Ерековци, и на крај во денешното село, го знаат следното родословие: Алексо (жив на 50 г. во 1955 година) Стојан-Здраве-Грујо-Јосиф, основачот на родот; Степановци (8 к.) доселени се од селото Пателе кај Лерин во Егејска Македонија (денес во Грција), се населил Стојан, се знае следното родословие: Атанас (жив на 80 г. во 1950-тите) Степан-Стојан, основачот на родот кој се доселил; Аџиовци (13 к.) доселени се од мариовското село Градешница, го знаат следното родословие: Гроздан (жив на 50 г. во 1955 година) Петко-Гроздан-Јове, основачот на родот кој се доселил; Колевци (3 к.) доселени се од мариовското село Рожден; Тресиглаовци (2 к.) доселени се од мариовското село Крушевица.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1499 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта„ТЕМНА ПЕШТЕРА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО – ПРЕСТОЈУВАЛИШТЕ НА ДРЕВНИ ЖИТЕЛИ СО КУЛТНА СИМБОЛИКА Неделска Вода — осамен наод од старохристијанско време; Црвеница — населба од непознат период; Темна Пештера — светилиште од непознат период; Коњарникот — населба од непознат период; Кукулаица — населба од непознат период; Кале — населба од непознат период; Дрмите — населба од непознат период; Селска Црква — осамен наод од античко време;

Редовни настани

Личности Роза Костеска (р. 1967) - македонска поетеса;

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски МАKЕДОНЕЦ ОД БИТОЛСKО БИЛ KРСТЕН ПО ГЕРМАНСKИОТ ФИРЕР - ХИТЛЕР

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп