Диего Роберто Годин Леал (; роден на 16 февруари 1986 во Розарио) — уругвајски фудбалер, играч од одбраната на Интер и на уругвајската репрезентација.

Клупска кариера Рани години / Вилјареал Годин ја започнал својата фудбалска кариера во Серо на 17 годишна возраст. По неговите добри настапи, тој потпишал за уругвајскиот прволигаш Насионал Монтевидео, каде за брзо време станал капитен на тимот поради неговата зрелост и професионализам.

Во август 2007, Годин потпишал петгодишен договор шпанскиот прволигаш Виљареал,Villarreal put faith in Godín; UEFA.com, 2 August 2007 постигнувајќи погодок во својот втор натпревар, во поразот од 2-3 против Осасуна на 7 октомври.Osasuna 3-2 Villarreal; ESPN Soccernet, 7 October 2007 Во својата прва сезона во шпанската Ла Лига, тој одиграл 24 натпревари и бил дел од најдобриот пласман на Виљареал кој завршил на второто место. Тој ја зацврстил својата почетна позиција во наредните сезони, најчесто играјќи со аргентинецот Гонсало Родригес во срцето на одбраната.

Атлетико Мадрид На 4 август 2010, откако ја одиграл својата најдобра сезона во Виљареал - 36 натпревари, три гола - Годин потпишал со Атлетико Мадрид петгодишен договор.Atlético get Godín from Villarreal; UEFA.com, 4 август Својот прв настап за Колчонеросите го имал на 27-ми истиот месец, одигрувајќи го целиот натпревар во победата од 2-0 против италијанскиот гигант Интер во УЕФА Супер Купот 2010.

На 1 ноември 2013, Годин потпишал нов договор со Атлетико, кој го обврзува да остане во клубот до 2018 година. Тој изјавил: "Возбуден што го продолжив мојот престој во клубот. Ова е мојот дом". Во сезоната 2013-14, тој постигнал четири гола за Атлетико вклучувајќи го оној во последното коло на 17 мај 2014 против Барселона со кој го израмнил резултатот на 1–1 и му ја донел титулата на клубот по 18 години. Една недела подоцна, повторно со глава, тој го постигнал водечкиот гол за Атлетико во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, но сепак на крајот Реал ја освоил титулата победувајќи со 4–1.

Репрезентативна кариера На само 19 годишна возраст, Годин го имал својот прв настап за Уругвај, во пријателскиот натпревар помеѓу Мексико, во Гвадалахара. Тој исто така бил дел од тимот на Уругвај на Копа Америка 2007.

Годин бил избран во составот на Уругвај за Светското првенство 2010 во Јужна Африка, започнувајќи го натпреварот против Франција (0–0), а потоа бил дел и од наредните четири натпревари каде Уругвај стигнал до полуфиналето.

Во 2011, Годин бил дел од успешниот настап на Уругвај на Копа Америка 2011, забележувајќи еден настап како измена во поразот од 3–0 од Парагвај во финалниот натпревар. Тој исто така бил дел од уругвајскиот тим на Купот на Конфедерации во 2013 кој стигнал до полуфиналето, и му бил партнер на Диего Лугано во одбраната во четири од петте натпревари кои ги одиграл Уругвај.

Годин бил избран од страна на Оскар Табарез во Уругвајскиот тим за Светското првенство 2014. На 24 јуни, Годин со глава го постигнал единствениот гол на натпреварот против Италија во последниот натпревар од групната фаза, со што уругвај се пласирал во елиминационата фаза.

Голови во дресот на Уругвај # Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување 1. 27 мај 2006 Стадион Црвена Ѕвезда, Белград, Србија 1–1 1–1 Пријателски натпревар 2. 16 август 2006 Стадион Александрија, Александрија, Египет 0–1 0–2 Пријателски натпревар 3. 18 октомври 2006 Естадио Сентенарио, Монтевидео, Уругвај 1–0 4–0 Пријателски натпревар 4. 24 јуни 2014 Арена дас Дунас, Натал, Бразил 0–1 0–1 Светско првенство 2014

Успеси Клуб Атлетико Мадрид Лига Европа (2) : 2011-2012, 2017-2018 Примера Дивисион (1) : 2013–2014 Суперкуп на УЕФА (2) : 2010, 2012 Копа дел Реј (1) : 2012-2013 УЕФА Лига на шампиони: Финалист 2013–14 Суперкуп на Шпанија: Финалист 2013

Уругвај Копа Америка (1) : 2011

Наводи

Надворешни врски

Официјален профил на Атлетико Мадрид Профил на БДФутбол Светско Првенство 2010 - Профил Профил на Transfrmarkt

Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Уругвајски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на Насионал Монтевидео Категорија:Фудбалери на ФК Виљареал Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014