Кримичау () — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија

Кримичау се наоѓа на реката Плајсе на северните падини на Рудните Планини.

Соседни општини

Соседни градови и општини се: Цвикау, Денхериц, Нојкирхен, Меране и Лангенбернсдорф во округот Цвикау; Хајерсдорф, Јонасвалде, Пониц и Тонхаузен во Тирингија, во округот Алтенбургер Ланд; како и Брауниксвалде, Рикерсдорф и Зелингштет во Тирингија, во округот Грајц.

Градски единици

Делови на Кримичау се Руделсвалде, Лауенхајн, Лангенрајнсдорф, Маниксвалде, Франкенхаузен, Вален, Гезау, Гозел, Габленц, Бланкенхајн, Гроспилингсдорф и Хартау.

Историја

Со проширувањето на Германите на исток, градот Кримичау и замокот со истото име (сега наречен Швајнсбург) биле основани околу 1170 година до 1200 година, како организирана германска колонија. Постоењето на населбата е првпат документирано во 1212 година. Во 1414 година, Кримичау ги добил градските права од грофот Вилхелм Втори.

На 15 март 1844 година, Кримичау бил поврзан на германската железничка мрежа (на саксонско-баварската железница, која подоцна била проширена до Баварија).

Кон крајот на векот, Кримичау биле седиште на текстилната индустрија и бил наречен „Градот на 100. оџаци“ (Stadt der 100 Schornsteine).

Од 22 август 1903 година до 18 јануари 1904 година бил место на еден од најголемите и најдолгите штрајкови во Германското Царство, кој се проширил низ целата држава.

Во 1944 година, некои делови на Кримичау биле бомбардирани од сојузничките сили.

Кон крајот на 1980-тите, голем дел од старите градски градби биле срушени и биле заменети со бетонски еднолични градби. Слични планови постоеле и за јужните предградија, но биле оставени за подоцна, кои на крајот не ни стигнале да се реализираат.

Население

мини|250п|Население на Кримичау

Година Население 1834 3.767 1875 17.649 1880 18.925 1890 19.300 1933 27.938 1939 27.247 1946 30.504 1950 34.541 1960 31.279 1981 26.229 1984 25.086 Година Население 1995 23.888 1997 23.420 1999 23.570 2000 23.305 2002 22.874 2004 22.528 2006 21.953 2008 21.080 2009 20.833 2010 20.901

Меѓународни односи

Кримичау е збратимен со следниве градови:

Вил, Северна Рајна-Вестфалија Бистрице над Пернштејнем, Чешка Омаха, Небраска, САД

Музеи

Западносаксонски текстилен музеј, кој се наоѓа во целосно употреблица текстилна фабрика, порано позната како „Gebrüder Pfau KG“ Земјоделски и отворен музеј во замокот Бланкенхајн

Градби

мини|десно|Замок Бланкенхајн

Знаменитости се градското собрание, готската парохиска црква Свети Ларент (1513), поранешниот цистерцијански манастир (основан околу 1290) во градската единица Франкенхаузен и отворениот музеј во замокот Бланкенхајн со истото име.

Паркови

Цефелпарк (Zöffelpark), кој е изграден пред војната и е именуван по Емил Оскар Цефел, важен текстилен производител и филантропист. Бизмарк-Хајн, поранешни гробишта, именувани по царскиот канцелар Ото фон Бизмарк. Овој парк бил познат како Мировен парк (Friedenspark) во текот на Источна Германија. Занпарк (Sahnpark), кој се наоѓа северно од градот, е најголемиот парк во Кримичау и содржи отворена бања, парк за животни и стадионот на ETC Кримичау.

Спорт

Кримичау е добро познат по неговиот клуб за хокеј на мраз, ЕТК Кримичау, кој се натпреварува во втората германска лига. Градот исто така има и фудбалски клуб, ФК Кримичау и клуб за американски фудбал, Торнадос Кримичау.

Луѓе

1909 - Хајнрих Мауерсбергер, (умрел 1982 во Бестензе), инженер и пронаоѓач во текстилната индустрија 1954 - Клаус Грунер, ракометар, олимписки првак во 1980 1955 - Удо Кислинг, хокеар 1961 - Габриеле Цанге, лизгачка на мраз

Наводи

Надворешни врски

Грб на Кримичау ЕТК Кримичау Заподносаксонски текстилен музеј Земјоделски и отворен музеј во замокот Бланкенхајн

Категорија:Цвикау (округ)