Лана () — река во Германија, десна притока на Рајна. Нејзиното течение минува низ сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија (23,0 км), Хесен (165,6 км) и Рајнската област-Пфалц (57,0 км).

Извира во Ротаргебирге, највисокиот дел од областа Зауерланд. Со Рајна се спојува во Ланштајн близу Кобленц. Поважни градови долж течението на Лана се Марбург, Гисен, Вецлар, Лимбург на Лана, Вајлбург и Бад Емс.

Притоки на Лана се реките Дил, Вајл и Ар. Долното течение има многу брани со преводници, овозможувајќи редовен бродски сообраќај од нејзината утока до Рункел. Северно од браната се користат и речни пловила, во мал потег кај Гисен.Landesamt für Umwelt, Wasserwirtschaft und Gewerbeaufsicht (уред.): Hydrologischer Atlas Rheinland-Pfalz. Mainz, ноември 2005

Поважни притоки мини|Лана во Лимбургмини|Лебеди на Лана меѓу Гисен и Вецлармини|Лана во Марбург|мини|Лана во Дицмини|Лана кај Бухенау во Даутфетал Име Страна Должина[км] Речно подрачје[км2] Утока[по км на Лана] Надм. вис. на утоката[м] надм. вис. Фојдинге (Риперсбах) лева 6,3 21,2 9,8 388 Илзе десна 8,4 11,8 10,5 382 Банфе десна 11,5 38,9 18,5 326 Ласфе лева 8,3 19,6 19,4 324 Перф десна 20,0 113,1 24,7 285 Даутфе лева 8,8 41,8 37,5 245 Ветшафт лева 29,0 196,2 56,3 192 Ом лева 59,7 983,8 58,7 188 Ална десна 19,1 92,0 77,1 172 Цвестер Ом лева 20,0 69,5 84,0 165 Залцбеде десна 27,6 137,8 87,4 164 Лумда лева 30,0 131,5 93,6 160 Визек лева 24,3 119,6 102,2 155 Бибер десна 13,6 34,7 105,1 151 Клебах лева 26,9 164,6 106,2 150 Вецбах лева 11,7 32,9 119,6 147 Дил десна 55,0 717,7 120,4 147 Золмсбах лева 24,6 112,5 128,1 141 Изербах (Метбах) лева 19,2 31,2 131,4 139 Улмбах десна 22,9 60,9 138,2 135 Каленбах десна 14,6 84,7 141,3 132 Вајл лева 46,6 247,9 149,4 130 Керкербах десна 20,7 70,2 176,0 112 Емсбах лева 39,1 321,8 181,0 110 Елббах десна 40,7 323,7 109 Ар лева 49,7 312,6 103 Дерсбах лева 32,0 114,0 94 Гелбах (Аубах) десна 39,7 221,2 93 Милбах лева 32,1 171,9 85 Емсбах десна 11,5 29,4 75

Општини по течението (низводно) Округ Зиген-Витгенштајн, Северна Рајна-Вестфалија Нетфен Бад Ласфе

Округ Марбург-Биденкопф, Хесен Биденкопф Даутфетал Лантал Келбе Марбург Вајмар Фронхаузен

Округ Гисен, Хесен Лолар Ветенберг Гисен Хојхелхајм Округ Лана-Дил, Хесен Ланау Вецлар Золмс Лојн

Округ Лимбург-Вајлбург, Хесен Ленберг Вајлбург Вајнбах Рункел Лимбург на Лана

Рајна-Лана, Рајнска област-Пфалц општински заедници: Диц Насау Бад Емс Ланштајн (неврзан)

Наводи

Извори

во: , стр. 1–17. „Лана“ - Енциклопедија Британика

Надворешни врски

Туристичко здружение на Долината на Лана Кајакарски водич на реката Лана Информации за бродски капетани

Категорија:Реки во Хесен Категорија:Рајнски слив Категорија:Притоки на Рајна Категорија:Реки во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц