Поум — село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга.

На атарот на селото некогаш постоеле планинските села Црско и Кошнеш.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на Струшкото Поле, како и на Општина Струга, на јужните падини на планината Караорман, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Дебрца. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 940 метри. Од градот Струга селото е оддалечено 14 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој започнува од селото Делогожди.

Селото се наоѓа на јужната падина на планината Караорман, сместено на висорамнина на околу 1.100 метри. Североисточно од селото се издигнува стрмен и пошумен гребен. Околни села се Мислодежда на северозапад, Богојци на запад и Делогожди на југоисток. Водата за пиење доаѓа од извори и од бунари.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Поумска Планина, Бунари Поумит, Киоре Стафест, Меризи, Кумла, Мулеза, Црско, Ара Стојанит, Кошнеш, Ремкодер, Прој Асанит, Гриковец, Сана и други.

Селото има збиен тип, поделено на маала во кои живеат родовите по кои се наречени, како што се: Биболар, Исаклар, Шабанлар и други.

Историја

Постои раширено народно предание дека две струшки села се најстари во областа — Поум на планината Караорман и Октиси на планината Јабланица. Како се пренесува за сите останати села главно се знае кога се основани.

Поум најпрвин било словенско-христијанско село и имало своја црква на месноста Киша. Меѓутоа, од околу 1800 година тука започнало доселувањето на муслимани од селата во Голо Брдо. По доселувањата, староседелците од Поум се иселиле и заминале на разни страни.

Основачите на денешните родови се доселиле како сточари и имале овци. Со таа стока најпрво се задржале во низинското село Волино. Меѓутоа, таму не било погодно за стоката па затоа брзо преминале во денешното село. Во Поум нашле добра вода за пиење и обилна шума.

Во Поум се наоѓа месноста Друни Докос. Името останало по селскиот муслимански род Дока, кој веќе не постои. Од нив е денешниот род Асанлар (3 к.). Народното предание наведува дека од тој род потекнува поранешниот крал Фарук во Египет: од Поум во Цариград се преселил неговиот дедо или татко. Дури и се тврди дека Фарук во 1936 година испратил свој претставник во Охрид да го најде селото и да им предаде пари. Меѓутоа, во охридскиот хотел „Бристол“ наишол на сопственикот на хотелот Зибер-ефенди (родум од струшкото село Корошишта), кој важел како преварант и му однел во селото Подмоље наместо во Поум.

Во селото постои џамија и основно училиште.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 12,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 702 хектари, на пасиштата отпаѓаат 313 хектари, а на обработливите површини 174 хектари.

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

До крајот на Втората светска војна, мештаните живееле од сточарство. Поради својот голем атар, селото било „прво“ во Струшко за сточарство. Најмногу одгледувале кози, како и овци и говеда. Во 1948 година, селото имало 5000 кози, 500 овци и 200 говеда. Во месноста Поумски Бунар постоеле сточарски колиби за одгледување на овците и говедата, додека на другите планински месности се чувале козите.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поум живееле 360 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 253.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Поум се води како чисто албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 60 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Албанци.

Во 1961 година, Поум броел 394 жители, од кои 381 биле Албанци, а 10 жители Турци. Во 1994 година, селото било населено само со албанско население, коешто броело 188 жители.

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Поум, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.

Според пописот од 2002 година, селото броело 168 жители, од кои 164 Албанци и 4 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 67 жители, од кои 58 Албанци и 9 лица без податоци.

Родови

Поум е албанско село. Денешното население го сочинуваат муслиманските Албанци. Нивните родови потекнуваат од предци доселени од Голо Брдо. Не се знае дали нивните родови биле вистински Албанци или меѓу нив има и исламизирани и албанизирани Словени.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1980 година, родови во селото се: Наџаклар (3 к.), доселени се од некое село во Голо Брдо, тие се први доселеници, дошле околу 1800 година; Дервишлар (4 к.), Исаклар (7 к.), Јашарлар (1 к.) и Зеќирлар (1 к.), потекнуваат од четири браќа: Дервиш, Исак, Јашар и Зеќир, кои со нивниот татко Мемет се доселиле од местото Дарда Реч во Голо Брдо. Во родот Исаклар се знае следното родословие: Абедин (жив, 56 години во 1980 г.)-Емин-Саит-Весел-Реџа-Исак, предокот кој се доселил околу 1860 година; Биболар (13 к.), доселени се од местото Мокра во Голо Брдо, го знаат следното родословие: Аќиф (жив, 56 години во 1980 г.)-Муарем-Асан-Муарем, понатамошните предци не ги знаат; Лога (3 к.), Асанлар (3 к.) и Шабанлар (4 к.), доселени се од некое село во Голо Брдо.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите. Доселеници: Дервишлар (7 к.), Јашарлар (7 к.), Зеќирлар (9 к.) и Исаклар (11 к.), потекнуваат од исти предци, и се доселиле од некое село Окштуни во Голо Брдо во Албанија; Наџаклар (10 к.), Асанлар (4 к.) и Биболар (2 к.), и тие се доселени од истото место како и претходните родови; Логалар или Лога (13 к.), доселени се од селото Лога во областа Матија во Албанија; Агушлар (1 к.), доселени се од селото Лабуништа. Потеклото им е торбешко; Абаз Фејзула (1 к.), доселени се од градот Струга. Тие се Роми. Дојдени се сите на самиот почеток на XIX век.

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите: од Дервишлар иселеници има во: Дебар (едно семејство од 1880 година), Велешта (како домазет од 1890 година), Горенци (како домазет од 1908 година), Ливада (како домазет од 1918 година), Грција (две семејства од 1918 година), Охрид (едно семејство од 1923 година) и во Турција (четири семејства од 1921 година); од Јашарлар иселеници има во: Турција (пет семејства од 1880 година); од Зеќирлар иселеници има во: Ресен (четири семејства од 1933 година), Охрид (едно семејство од 1936 година) и во Струга (две семејства од 1938 година); од Исаклар иселеници има во: Охрид (едно семејство од 1926 година); од Наџаклар иселеници има во: Делогожда (иселени од 1863 година. Голем род се таму 22 к.) и во Тирана (три семејства од 1920 до 1933, и од 1942 година); од Асанлар иселеници има во: Корошишта (иселени од 1845 година, голем род во селото со 14 к.) и во Ново Село (едно семејство од 1908 година); од Биболар иселеници има во: Горенци (познати како Салиовци, иселени од 1908 година), Турција (три семејства од 1908 година), Тирана (пет семејства од 1908 година), Корча (три семејства од 1924 година), Охрид (едно семејство од 1928 година) и во Кроја (едно семејство од 1937 година) и од Логалар иселеници има во: Ливада (иселени од 1898 година), Ново Село (иселени од 1908 година), Охрид (три семејства од 1928 година) и во Ресен (едно семејство од 1928 година).

Јован Трифуноски забележал дека селото до 1952 година било поголемо и имало околу 90 куќи. Но, кога било забрането да се одгледуваат кози, започнале големите иселувања. Во Охрид се преселиле 47 домаќинства, во Струга 30, а многу иселеници од Поум има во низинското село Ливада. Од родовите Зеќиралар и Јашаралар има иселеници во градовите Охрид и Струга. Други иселеници живеат во пониските села. Во селото Ливада од Поум дошле родовите Лога (15 к.), Наџак (3 к.) и Поумци (11 к.). Во Ново Село се иселиле Лога (8 к.) и Иљази (4 к.), Во селото Делогожди се иселиле Сеља (15 к.), додека во Горенци Биба (10 к.) и Дервиш (3 к.).

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште

Подрачно основно училиште „Бајрам Хасани“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Нури Мазари“ - Делогожди

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Поум било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Делогожди.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Поум, се наоѓале и селата Богојци, Брчево, Глобочица, Збажди, Локов, Мислодежда, Присовјани и Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Поум било дел од некогашната општина Мислодежда, во која влегувале селата Богојци, Брчево, Мислодежда и Поум.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1902 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

Културни и природни знаменитости

Џамии Џамија — главна селска џамија.

Споменици Споменик за загинатите борци во Балканските војни и НОБ

Поврзано Општина Струга Струшко Поле

Наводи

Забелешки

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга