мини|Германски ровови долж реката Ена во Првата светска војна.

Ена () — река во североисточна Франција, лева притока на Оаза. По неа е наречен и департманот Ена. Во римско време реката се нарекувала Аксона.

Реката извира во Аргонската шума во подрачјето на Рамберкур Сомен близу Сент Менеу. Тече на север, а потоа на запад, пред да се влее во реката Оаза кај Компјењ. Ена е долга околу 290 км. Во Првата светска војна, во долините на реката се одиграле три жестоки битки.

Дел од Ена во должина од 57,1 км е канализиран и има 7 преводници.

Населени места Департмани и населени места по течението на реката: Меза Марна: Сент Менеу Ардени: Вузје, Ретел Ена: Соасон Оаза: Компјењ

Наводи

World Book Encyclopedia, 1988

Поврзано Битка на Аксона

Категорија:Реки на Големиот Исток Категорија:Реки во Горна Франција Категорија:Канали во Франција Категорија:Сенски слив