Дамијано Томази (роден на 17 мај 1974) — италијански пензиониран фудбалер кој играл како дефанзивен играч од средниот ред.
Тој ја започнал својата кариера во екипата на Верона во 1993 година.
Во 1996 година преминал во редовите на Рома клуб за кој настапувал цела деценија и бил дел од последното скудето на тимот - освоено во 2001 година. Потоа тој настапувал во странство за три тимови од различни земји: Леванте (Шпанија), Квинс Парк Ренџерс (Англија) и Тијанин Теда (Кина).
Тој се вратил во Италија во 2009 година каде играл за аматерскиот клуб Сант'Ана д'Алфаедо заедно со својте двајца браќа. Тој се пензионирал во 2011 година на возраст од 37 години.
Титули Рома 1 Серија А: 2000–01 1 Супер Куп на Италија: 2001
Надворешни врски Stats at Tutto Calciatori BDFutbol profile National team data
QPR profile Official site
Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Леванте Категорија:Фудбалери на ФК Квинс Парк Ренџерс Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1974 година