Предрасудата најчесто се однесува на претходно стекнатите, обично непожелни, судови насочени кон луѓе или личност поради полот, општествената класа, возраста, оневозможеноста, религијата, сексуалноста, расата/етничноста, јазикот, националноста или други лични одлики. Таа исто така може да се однесува и на неосновани верувања,Вилијам Џејмс напишал: „Многу голем број на луѓе мислат дека мислат, кога тие само ги прераспоредуваат нивните предрасуди.“Quotable Quotes – Courtesy of The Freeman Institute при што може да го вклучи „секое неразумно однесување кое е обично отпорно на влијанието на разумот“.

Современи теории и емпириски наоди

Социјалниот психолог Хенри Таџфел и неговите колеги откриле дека фаворитизмот внатре во рамките на дадена група може да се појави дури и во групи кои претходно немале општествено значење. Во експериментите со минимални групи било откриено дека кога доброволците-учесници биле сместени во групи (изградени врз основа на нешто тривијално, на пример, фрлање паричка), овие учесници покажувале внатрегрупов фаворитизам, при што во меѓучовечките односи им давале предност на членовите на сопствената група (ингрупа).Tajfel, H. (1982). Social identity and intergroup relations. Cambridge: Cambridge University Press.

Ефектот на еднородност на аутгрупата е перцепцијата според која членовите на една аутгрупа се послични (еднородни, хомогени) за разлика од членовите на ингрупата. Социјалните психолози Кватрон и Џонс спровеле истражување кое го покажува ова тврдење, во кое зеле учество ученици од соперничките училишта Принстон и Ратгерс. На учениците од секое училиште им биле прикажани видеа со други ученици од секое училиште како избираат вид на музика за слушање. Потоа на учесниците им била дадена задача да погодат колку проценти од соучениците на снимените ученици би ја избрале истата музика. Учесниците предвиделе многу поголема сличност меѓу членовите на аутгрупата (соперничкото училиште).

Моделот на оправдување-потиснување на предрасудата бил создаден од Кристијан Крендал и Ејми Ешлман. Овој модел објаснува дека луѓето се соочуваат со конфликт меѓу желбата да ја изразат предрасудата и желбата да одржат позитивен јас-концепт. Овој конфликт ги предизвикува луѓето да бараат оправдување за тоа што не ја сакаат аутгрупата и да го искористат тоа оправдување за да избегнат негативни чувства (когнитивна дисонанца) за себеси кога ја изразуваат антипатијата за аутгрупата.

Теоријата на реалистичниот конфликт кажува дека натпреварот за ограничени ресурси доведува до зголемени негативни предрасуди и дискриминација. Ова може да се забележи дури и тогаш кога ресурсот е незначителен. Во експериментот на Робер Кејв биле создадени предрасуди и непријателство меѓу двата летни кампови по одржувањето на спортските натпревари кои се играле за мали награди. Непријателството било намалено откако двата натпреварувачки кампови биле присилени да соработуваат на одредени задачи за да постигнат заедничка цел.

Друга современа теорија е теоријата на интегрирана закана, развиена од страна на Валтер Стивен. Таа проникнува од неколку други психолошки објаснувања на предрасудите и односот ингрупа/аутгрупа, како на пример, од закана од конфликтот на реалистична група (Realistic Group Conflict Threat) и симболичкиот расизам. Исто така ја користи перспективата на теоријата на општествен идентитет како основа за својата валидност, т.е., претпоставува дека единките дејствуваат во контекст основан на група, каде членовите на групата се дел од поединечниот идентитет. ITT вели дека предрасудите кон аутгрупата и дискриминацијата настануваат кога единките ја перцепираат аутгрупата како заканувачка на некој начин. ITT образложува четири закани:

реалистични закани; симболички закани; меѓугрупова анксиозност; негативни стереотипи.

Реалистичните закани се опипливи, како конкуренцијата за природен ресурс или закана за приходот. Симболичките закани настануваат од перцепираната разлика во културните вредности меѓу групите или од перцепираната нерамнотежа на моќта, на пример, кога дадена ингрупа ја перцепира религијата на аутгрупата како несовпадлива со нивната. Меѓугруповата анксиозност е чувство на тегоба кое се јавува во присуство на аутгрупата или член на аутгрупата, што сочинува закана бидејќи заемодејствата со други групи предизвикуваат негативни чувства (на пример, закана по комфорните интеракции). Негативните стереотипи се слични закани, каде единките го антиципираат негативното однесување од членовите на аутгрупата заедно со перцепираниот стереотип, на пример, дека аутгрупата е насилна. Често овие стереотипи се поврзани со емоции од типот на страв и бес. Теоријата на интегрирана закана се разликува од останатите теории на закани по тоа што ги вклучува меѓугруповата анксиозност и негативните стереотипи како типови на закана.

Дополнително, теоријата на општествената доминантност гласи дека на општеството може да се гледа како на хиерархии основани на групи. Во конкуренција за оскудни ресурси како дом или работа, доминантните групи создаваат „легитимирачки митови“ полни со предрасуди со цел да обезбедат морално и интелектуално оправдување за нивната доминантна позиција над останатите групи и да го валидизираат присвојувањето на ограничените ресурси. Легитимирачките митови, како на пример дискриминаторските практики на вработување или пристрасните норми за заслуги, функционираат за да ги одржат овие хиерархии основани на предрасуди.

Предрасудите можат да бидат централен фактор за појавата на депресија. Ова може да се случи кај некој кој е жртва на предрасуди, кој е мета на нечии предрасуди или кога луѓето имаат предрасуди за самите себе, што ја причинува нивната сопствена депресија.

Контраверзи и особени примери

Сексизам

Поимот сексизам обично се поврзува со негативните настроенија кон жената кои произлегуваат од верувањето дека жените се помалку вредни или помалку способни од мажите.Dovidio, John, Peter Glick, and Laurie Rudman. On the Nature of Prejudice. Malden: Blackwell Publishing, 2005. 108. Print. Дискусијата за овие настроенија и актуелните полови разлики и стереотипи продолжуваат да бидат контроверзни прашања. Низ историјата, за жените се сметало дека се потчинети на мажите, често игнорирајќи ги во областите како академија. Традиционално, за мажите се сметало дека се поспособни од жените, умствено и физички. Во социјалната психологија, истражувањата на предрасудите како што е „Кој ги сака компетентните жени“, довеле до истражувања на предрасудите основани на полот. Ова резултирало во две широки теми или фокуси во ова поле: првата се фокусира на ставовите кон еднаквоста на половите, а втората на верувањата на луѓето за мажите и жените. Денешните истражувања основани на сексизам продолжуваат да се остваруваат во психологијата, со тоа што истражувачите се обидуваат да разберат како мислите, чувствата и однесувањата на луѓето влијаат и се повлијаени од другите.

Национализам

Национализам е настроение основано на заедничките културни одлики кои го поврзуваат населението и често произведува политика на национална независност или сепаратизам. World English Dictionary Национализмот сугерира „заеднички идентитет“ кај луѓето-припадници на нацијата кој ги минимизира разликите во групата и ги потенцира перцепираните граници меѓу групата и оние кои не се нејзини членови. Ова доведува до претпоставката дека членовите на нацијата имаат многу повеќе заедничко отколку што всушност имаат, дека тие се „културно обединети“, дури и ако во рамките на нацијата постојат неправди основани на разликите во статусот и расата. Национализмот во време кога има конфликт на една нација со друга е контроверзен, бидејќи може да функционира како забрзувач на критиката кога станува збор за сопствените проблеми на нацијата, поради што прави да изгледаат природни хиерархиите во нацијата и внатрешните конфликти. Тој исто така може да служи како начин за собирање на луѓето од нацијата околу поддршка за одредена политичка цел. Национализмот најчесто вклучува притисок за конформност, покорност и солидарност меѓу луѓето на нацијата и може да резултира не само во чувствата на јавна одговорност, туку и во поимање во потесна смисла на заедницата поради исклучувањето на оние кои се сметаат за аутсајдери. Бидејќи идентитетот на националистите е поврзан со нивната поданост кон државата, присуството на туѓинци кои не ја споделуваат оваа поданост може да доведе до непријателство.

Класизам

Во Светскиот англиски речник, класизмот се дефинира како „пристрасен или дискриминаторен став кон разликите создадени меѓу општествените или економските класи“.World English Dictionary, “Classism”] Идејата за раздвојување на луѓето врз основа на класата е контроверзна сама по себе. Некои тврдат дека економската нееднаквост е неизбежен аспект на општеството, па затоа секогаш ќе постои владејачка класа.Blackwell, Judith, Murray Smith, and John Sorenson. Culture of Prejudice: Arguments in Critical Social Science. Toronto: Broadview Press, 2003. 145. Print. Тие посочуваат дека дури и во најегалитарните (наједнакви) општества во историјата имало некакво рангирање според општествениот статус. Затоа, тие веруваат дека постоењето на општествените класи е природна одлика на општеството.Blackwell, Judith, Murray Smith, and John Sorenson. Culture of Prejudice: Arguments in Critical Social Science. Toronto: Broadview Press, 2003. 146. Print. Други, пак, го тврдат спротивното. Според антрополошките докази, во најголем дел од времето луѓето живееле на начин според кој земјата и ресурсите не биле приватна сопственост. Исто така, кога се појавило општественото рангирање, тоа не било антагонистичко или непријателско како сегашниот класен систем. Овие докази се користат во полза на идејата дека постоењето на систем на општествени класи е непотребно. Како заклучок, општеството допрва треба да дојде до консензус за потребата од класен систем; тоа досега не покажало дека е способно да се справи со непријателството и предрасудите кои се случуваат поради класниот систем.

Сексуална дискриминација