Шехзаде Коркут (1467–1513) бил отомански принц и регент за неколку денови на османлискиот престол.
Тој е роден во Амасија во 1467. Неговиот татко бил Бајазит II. Денеска не е познато дали негова мајка била Нигар Хатун или Ѓулбахар Валиде султан. Кога неговиот дедо Мехмед II починал во 1481 година, тој бил регент за 18 дена до пристигнувањето на неговиот татко во престолнината.
Тој бил владетел на Анталија но кога побарал да му биде доделена поблиска територија на владеење до Истанбул, во истиот момент бил одбиен по кое тој побегнал во Египет. Ова од страна на Бајазит било сметано како предавство па тој морал повторно да замине во Истанбул и да се извини .Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 220-227Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi cilt I (condensation: Mehmet Ata-Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. pp 243. Во текот на војната помеѓу Шехзаде Ахмед и Шехзаде Селим, тој останал неутрален бидејќи немал приврзаници кои би застанале на негова страна.
По абдикацијата на неговиот татко, Селим го егзекутирал во Бурса во 1513 година.
Наводи
Категорија:Претенденти за отоманскиот престол Категорија:Отоманска династија Категорија:Отоманци од 15 век Категорија:Отоманци од 16 век Категорија:Погубени Отоманци Категорија:Отомански Турци Категорија:Родени во 1469 година Категорија:Деца на Бајазит II