Капетан Џек Спароу е измислен лик и главен јунак во филмскиот серијал Пиратите од Карибите. Тој е создаден од сценаристите Тед Елиот и Тери Росио, а улогата ја толкува Џони Деп. Џек Спароу првпат е претставен во филмот Пиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисер (2003). Подоцна се појавува и во продолженијата: Ковчегот на мртовецот (2006), На крајот на светот (2007) и На чудни плими (2011). На почетокот Џек Спароу бил замислен како спореден лик. Џони Деп ја засновал својата карактеризација според гитаристот на Ролинг стоунс, Кит Ричардс, и ликот од цртаните филмови, Пепе ле Пју.
Серијалот Пиратите од Карибите е инспириран од тематскиот парк на Дизни. При обновата на паркот во 2006 година, додаден е и ликот на Џек Спароу. Тој исто така е и тема на низа книги, Пиратите од Карибите: Џек Спароу, кои ги опишуваат неговите тинејџерски години, а се појавува и во неколку видео игри.
Во филмовите, Џек Спароу е еден од пиратските лордови на седумте мориња од Братскиот Совет. Тој може да биде подмолен и обично преживува со помош на духовитоста и преговарањето, наместо со оружје или сила, притоа избегнувајќи ги опасните ситуации и борејќи се само кога е потребно. Спароу е претставен како се обидува да го врати назад својот брод, Црниот Бисер, од неговиот бунтовен прв офицер, Хектор Барбоса. Подоцна, додека се бори против Трговската компанија на Источна Индија, Џек се обидува да избега од крвниот долг кон легедарниот Дејви Џонс.
Филмови
Проклетството на Црниот Бисер
Џек Спароу првпат се појавува во Проклетството на Црниот Бисер, кога пристигнува во Порт Ројал за да преземе брод. И покрај тоа што ја спасува од давење ќерката на управникот Ветерби Свон (Џонатан Прајс), Елизабет Свон (Кира Најтли), тој е затворен поради пиратство. Истата ноќ, проколнатиот брод Црниот Бисер го напаѓа Порт Ројал, заробувајќи ја Елизабет. Неговиот капетан, Хектор Барбоса (Џефри Раш), очајно се обидува да ја скрши античката ацтетска клетва со која се проколнати тој и неговата посада. Вил Тарнер (Орландо Блум), ковач заљубен во Елизабет, го ослободува Спароу за да му помогне да ја спасат. Тие го крадат бродот Интерсептор и наоѓаат посада во Тортуга пред да се упатат кон Исла де Муерта (Островот на мртвите), каде што ја држат Елизабет заробена. Додека патуваат, Вил дознава дека Спароу првично бил капетан на Црниот Бисер, но Барбоса се претставил како негов прв офицер за да го украде бродот од него – оставајќи го заглавен на пуст остров пред 10 години.
Двајцата се спасени од страна на Британската Кралска Морнарица, откако Елизабет ќе го искористи румот пронајден на островот за да испрати сигнал со димна бомба. За да го избегне бесењето, Спароу склучува договор да им го предаде Бисерот. За време на решавачката битка на Исла де Муерта, Спароу ја краде проколната паричка, која го прави бесмртен за да може рамноправно да се соочи со Барбоса. Тој пука во својот противник со истиот пиштол кој го носел со себе десет години, во истиот момент кога Вил ја крши клетвата, притоа убивајќи го Барбоса. И покрај тоа што и помогна на Морнарицата, Спароу е повторно уапсен и осуден на смрт.
На предвиденото погубување во Порт Ројал, Вил доаѓа да го спаси, но брзо ги заробуваат. Во истиот момент, Елизабет ја искажува својата љубов за Вил и тој е помилуван, додека Спароу бега паѓајќи од морскиот ѕид. Тој е спасен од новата посада на Црниот Бисер, чиј капетан станува повторно. Очигледно импресиониран од снаодливиот пират, комодорот Џејмс Норингтон (Џек Девенпорт) му дозволува предност од еден ден пред да почнат да го прогонуваат.a b c d e f g h i j k l m n o Gore Verbinski (director) (2003) (Film). Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl. Walt Disney Pictures.
Ковчегот на мртовецот
Една година по настаните од првиот филм, Спароу започнува потрага по Ковчегот на мртовецот, кој ќе му помогне да „управува“ со морињата и ќе го спаси. 13 години претходно, Спароу му ја дал својата душа на капетанот Дејви Џонс (Бил Наји), а за возврат Џонс го спасил насуканиот Црн Бисер и го направил Спароу капетан. Во филмот, Спароу мора да отслужи 100 години на бродот Летачкиот Холанѓанец или морското чудовиште наречено Кракен ќе го одведе во Сандакот на Дејви Џонс.
Ковчегот на мртовецот го содржи срцето на Џонс, кое Спароу може да го искористи против него за да стави крај на својот долг. За неволјите на Спароу да бидат уште поголеми, лордот Катлер Бекет (Том Холандер) од Трговската компанија на Источна Индија сака да го израмни својот долг со него и го принудува Вил Тарнер да оди во потрага по Џек. Вил ги наоѓа Спароу и неговата посада криејќи се од Кракенот на островот Пелегосто, каде се заробени од канибали. Тие успеваат да побегнат, но Дејви Џонс ги заробува и бара Џек да си го плати долгот. Џек го разубедува дека тој бил капетан само две години пред Барбоса да се побуни против него, но Џонс не се согласува, изјавувајќи дека тој себеси се нарекува „капетан“ Џек Спароу со години.
Спароу го предава Вил на Дејви Џонс како дел од нов договор со кој ќе тој ќе му предаде 100 души во замена за неговата. Џек регрутира нови морнари во Тортуга, каде неочекувано се среќава со Елизабет и понижениот Џејмс Норингтон, кој се свртил кон алкохолот. Убедувајќи ја Елизабет дека таа може да го ослободи Вил ако го пронајде Ковчегот, таа и Спароу се упатуваат кон Исла Крусес (Островот на крстовите) откако таа ја посочува оваа локација со помош на магичниот компас на Џек. Вил исто така пристигнува, откако ќе избега од бродот на Џонс крадејќи го клучот за Ковчегот. Вил сака да го прободи срцето и да го ослободи својот татко кој е во служба на Џонс. Норингтон пак, открива дека Бекет го посакува срцето за да ги контролира Дејви Џонс и морињата. Притоа, се надева дека ќе си ги врати кариерата и честа ако му го предаде срцето на Бекет. Спароу се плаши дека ако Џонс е мртов, Кракенот ќе продолжи да го прогонува и поради тоа, тој го сака срцето за да има моќ.
Пристигнува посадата на Џонс и за време на претстоечката битка, Норингтон го краде срцето. Џонс го повикува Кракенот за да го нападне Црниот Бисер. Откако забележува дека посадата му е нападната од Кракенот, Џек се обидува да избега со последниот неоштетен чамец. Но како што се приближува до островот, има грижа на совеста бидејќи ја напуштил посадата и се враќа назад за да им помогне да се спасат. Кога пристигнува таму, помага при уништувањето на пипките на Кракенот пред тажно да даде наредба да се напушти бродот. Кога неговиот прв офицер Џошами Гибс (Кевин Мекнели) го прашува дали е сигурен дека сака да го напушти Бисерот и да го остави на немилост на Кракенот, Џек безволно му одговара: „Тоа е само брод, морнару.“
Сфаќајќи дека Кракенот го сака само Спароу, Елизабет го измамува Џек бакнувајќи го страсно додека го оковува за јарболот за да ја спаси посадата. Кога Кракенот се враќа, Џек се предава на судбината и ја напаѓа устата на ѕверот мроморејќи: „Здраво, ѕверче.“ Спароу и Бисерот се повлечени долу во Сандакот на Дејви Џонс. Посадата бара утеха во домот на Тиа Далма (Наоми Харис), која ги зачудува понудувајќи им капетан кој може да помогне во спасувањето на Спароу. Тоа е Барбоса, кој Тиа Далма го вратила од мртвите.a b c d e f g h i j k l Gore Verbinski (director) (2006) (Film). Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest. Walt Disney Pictures.
На крајот на светот
Дотогаш, Катлер Бекет го поседува срцето на Дејви Џонс и започнува со уништување на сите пирати (и сите оние кои се поврзани со пирати), со помош на Летачкиот Холанѓанец, кој е под негово управување. За да се изборат против здружената закана од Бекет и Џонс, деветте пиратски лордови од Братскиот Совет се повикани да се соберат во Бродоломскиот Залив.
Иако Спароу беше вовлечен во Сандакот на Дејви Џонс на крајот од претходниот филм, тој е Пиратски лорд од Карибите и мора да присуствува на состанокот, бидејќи тој не успеал да го предаде неговиот „дел од осум“, идентификациски знак на пиратските лордови, на некој кој би го наследил. Здружените „делови од осум“ можат да ја ослободат божицата на морето, Калипсо. Барбоса ја води посадата на Спароу во Сандакот на Дејви Џонс, користејќи ги навигациските мапи на пиратскиот лорд Сао Фенг (Чау Јан-фет). Таму, Спароу си замислува цела посада составена од него самиот, каде секој член претставува дел од неговата личност. Откако Барбоса и посадата го наоѓаат, Спароу дешифрира трага на мапите која покажува (со вешто климање на главата кон привидувањата од фатаморганата кои се признаци на легендата од вистинскиот живот за Летачкиот Холанѓанец) дека тие мораат да го превртат Црниот Бисер за да избегаат од Сандакот; на зајдисонце бродот се свртува назад во живиот свет.
Спароу и Барбоса патуваат до Братскиот Совет каде се среќаваат со Елизабет, која прво била продадена на Сао Фенг, а потоа тој ја назначил за пиратски лорд пред да умре. Во Братскиот Совет, таа е избрана за „пиратски крал“ откако Спароу го прекинува застојот (во сите претходни состаноци освен во првиот, пиратските лордови гласале за себе). За време на преговарањето, тој е разменет за Вил, кој бил заробен од Џонс и Бекет откако Спароу го испратил во морето. Црниот Бисер и Летачкиот Холанѓанец се соочуват во битка за време на вртологот кој е создаден од Калипсо, додека Спароу го краде срцето на Дејви Џонс за да стане бесмртен. Сепак, кога Џонс смртно го ранува Вил, Џек на крајот избира да го спаси Вил помагајќи му да го прободе срцето; убивајќи го Џонс и со тоа правејќи го Вил новиот капетан на Летачкиот Холанѓанец. Заедно, Бисерот и Холанѓанецот го уништуваат бродот на Бекет. На крајот од филмот, Барбоса повторно управува со Бисерот и мапите на Сао Фенг; оставајќи ги Спароу и г-динот Гибс во Тортуга. За среќа, Џек веќе го отстранил средишниот дел на мапите и испловува во мал чамец, користејќи ги својот компас и мапата за да го однесат до Фонтаната на младоста.^ a b c d e f g h i j Gore Verbinski (director) (2007) (Film). Pirates of the Caribbean: At World's End. Walt Disney Pictures.
На чудни плими
Откако се најде во безизлез во неговата потрага по Фонтаната на младоста, Спароу пристигнува во Лондон, каде дознава дека некој кој се претставува со неговото име собира посада. По патот, Спароу се преправа како судија за да го спаси осудениот г-дин Гибс пред да биде заробен од кралската гарда и однесен пред кралот Џорџ II и Барбоса, кој е сега платеник во Кралската Морнарица. Дотогаш, Спароу се сретнува со неговиот измамник, за кој се открива дека е негова стара љубов по име Анџелика (Пенелопе Круз) која го грабнува и го носи на бродот на ужасниот Црнобрадест (Ијан Мекшејн), Одмаздата на кралицата Ен, кој го принудува Џек да му помогне да стигнат до Фонтаната на младоста. Сфаќајќи што се крие зад сето тоа, Џек се обидува да ја намести смртта на Црнобрадестиот и да ја спаси наивната Анџелика од нејзиниот татко. По неволјите со сирените и Шпанската Морнарица, тој успева да го измами Црнобрадестиот да се одрече од својот живот за да ја спаси Анџелика. Џек и Анџелика си признаваат дека се заљубени еден во друг, но Џек ја остава Анџелика на изгубен остров, знаејќи дека таа веројатно ќе сака да ја одмазди смртта на нејзиниот татко. Тој потоа му наредува на Гибс да го најде смалениот Црн Бисер со надеж да најдат начин да го вратат во нормална големина. Кога Гибс го прашува зошто се откажал од неговата можност за бесмртност, Џек одговара дека бесмртноста не е сè, иако признава дека создавање име за себе како оној што ја нашол Фонтаната е доволно добра бесмртност во моментот. По завршната најава на филмот, вуду куклата на Џек е покажана како плови во морето кон островот на кој Спароу ја остави Анџелика.
Видеоигри