ФКСБ (порано ФК Стеауа Букурешт) — професионален романски фудбалски клуб, од градот Букурешт. Моментално се натпреварува во Лига 1, највиското ниво на романскиот фудбал.

Клубот првично бил дел од спортскиот клуб ЧСА Стеауа Букурешт и припаѓал на романската армија, но се разделил во 1998 година. Армијата го тужела фудбалскиот клуб во 2011 година и оттогаш е во конфликт во врска со сопственоста на брендот Стеауа, што резултирало со промена на името во акронимот ФКСБ на почетокот на 2017 година. Тоа е најуспешниот романски фудбалски клуб во сите натпреварувања, со 26 титули во домашното, 22 Купа на Романија, 2 Лига купа на Романија и 6 Суперкупа на Романија во домашните натпреварувања, а во меѓународните рамки, клубот бил победник на Европскиот куп на шампиони (КЕШ) и Суперкупот на Европа во 1986. Тие се воедно и првиот клуб од Источна Европа, кој го освоил Европскиот куп на шампиони во 1986 година, а во сезоната 1988-1989, тие повторно играле во финалето на ова натпреварување, но изгубиле од Милан.

Својте домашни натпревари Стеауа ги игра на Арена Национала, која има капацитет од 55,634 седечки места. Боите на клубот се црвената и сината. Првично, Стеауа настапувала во боите на романското знаме (сина, жолта и црвена), но потоа жолтата боја го изгубила своето значење. Неодамна, жолтата боја е повторно на спортската опрема на клубот, кога настапува на гостински натпревари.

Најголем соперник на Стеауа, се соседите Динамо Букурешт со кои имаат долгогодишно соперништво и се среќаваат во натпреварите познати како "Дерби на Романија" или "Вечно дерби".

Историја Стеауа е основан на 7 јуни 1947 година,по иницијатива на неколку офицери на Романската Кралска Куќа.По потпишувањето на указот од страна на генералот Михаил Ласкар,висок командант во романската кралска војска,клубот се формираше.Првобитното име на клубот беше АСА Букурешт (Asociația Sportivă a Armatei București – Army Sports Association).Спортсткото друштво се состоеше од 7 спортови,вклучувајќи и фудбал,под водство на Коломан Браун-Богдан.Во 1948 година,АСА се преименува во КСЦА (Clubul Sportiv Central al Armatei – Central Sports Club of the Army),а 2 години подоцна во КЦА(Casa Centrală a Armatei – Central House of the Army). Во 1949 година,КСЦА го освои својот прв трофеј,со победата над Клуж од 2-1,во финалето на романскиот Куп.Под името КЦА,клубот стигна до 3 трофеја во низа во првенството(1951,1952 и 1953 година),заедно со првата двојна круна во 1951 година.За време на педесеттите години на 21-от век,т.н. КЦА Golden Team(Златен тим) стана многу познат.Во 1956 година,фудбалската репрезентација на Романија,составена исклучиво од фудбалери на CCA,играше против Југославија во Белград и победи со 1-0.Во истата година,клубот предводен од Илие Саву,беше првиот романски клуб кој настапуваше на турнир во Англија,каде што постигна значајни резултати против тимовите на Лутон Таун,Арсенал,Шефилд Венздеј и Вулверхемптон Вондерерс. На крајот од 1961 година,CCA повторно го смени името во КСА Стеауа Букурешт(Clubul Sportiv al Armatei Steaua – Army Sports Club Steaua). Новото име на клубот во превод значи “ѕвезда” и беше прифатено поради црвената ѕвезда на нивниот грб,која е симбол на повеќето клубови од источна Европа.Следуваше слаб период од скоро 20 години,во кој клубот освои само 3 трофеја во лигата(1967-68,1975-76,1977-78).Сепак, тие освоија 9 трофеји во домашниот куп,па поради тоа го добија прекарот “специјалисти за куп”.На 9 април 1974 година,свечено беше отворен денешниот стадион на Стеауа,со пријателскиот натпревар против ОФК Београд.Долго време,без разлика дали се нарекуваше АСА,КСЦА,КЦА или Стеауа,тимот настапуваше на стотици стадиони низ земјата или во странство и на секој од нив се сметаше како домаќин.Стадионите: Венус,ОНЕФ(АНЕФ),Република,Националниот стадион и Генчеа, укажуваат на тоа дека изборот е направен или од сентименталното значење на натпреварите кои се одиграле или поради нивната историска вредност.Стадионите,на кои настапуваат тимовите на Гилешти,Униреа или Динамо,не се вклучени меѓу другите. Под водство на тренерите Емери Јенеи и Ангел Јорданеску,Стеауа постигнаа голем успех во лигата во сезоната 1984-85,освојувајќи го трофејот по пауза од 6 години.Клубот е првиот романски тим кој стигнал до финалето на ЕКШ и го освоил,со победата над Барселона на пенали (2-0,благодарение на голманот Хелмут Дукадам,кој ги одбрани сите 4 пенали на шпанците),откако натпреварот во регуларниот дел заврши 0-0.Со тоа Стеауа стана првиот клуб од Источна Европа,кој ја освоил титулата.Во 1987 г. го освоија и Европскиот Супер Куп,по победата над Динамо Киев.До крајот на деценијата,клубот остана во врвот на европскиот фудбал.Во сезоната 1987-88 се пласираше во полуфиналето на ЕКШ,а следната сезона во уште едно финале на истото натпреварување(каде што изгибија од Милан со 4-0).Во тој период,Стеауа освои и 4 последователни лигашки титули(1985-86,1986-87,1987-88,1988-89) и 4 домашни купа(1984-85,1986-87,1987-88,1988-89).Покрај тоа,во периодот од јуни 1986 до септември 1989 година,клубот од 104 натпревари без пораз во лигата,со што го поставија светскиот рекорд во тоа време и европскиот рекорд кој сè уште е актуелен. Револуцијата во Романија во 1989 година,ја доведе во државата до отворен и слободен пазар и поради тоа,неколку фудбалери во 80-тите години на 20 век го напуштија тимот и заминаа во западна Европа.По кратко повлекување,следуваше брзо закрепнување и Стеауа успеа да освои 6 последователни титули во лигата од 1992-93 до 1997-98 и 3 домашни купа во сезоните 1995-96,1996-97 и 1998-99,со што го израмни успехот на Чинезул Темишвар од дваесеттите години на 20 век.На меѓународна сцена,3-пати по ред успеаја да влезат во групната фаза од Лигата на Шампионите од сезоната 1994-95 до 1996-97.Во 1998 година,клубот се оддели од КСА Стеауа и го промени своето име за последен пат во Фк Стеауа Букурешт(Fotbal Club Steaua),предводен од романскиот стопанственик Виорел Паунеску.Тој лошо ја извршуваше својат работа и наскоро клубот западна во долгови.Позицијата на заменик претседател му беше понудена на уште еден стопанственик,Георге Бекали,со надеж дека ќе инвестира пари во клубот.На крајот,Бекали го купи мнозинскиот пакет акции во 2002 година,а во јануари 2003 година доминантната компанија,ја претвори во јавна и транспарентна. Поради неговиот контроверзно однесување,тој беше оспоруван од мнозинството на навивачи на Стеауа.Во сезоната 2004-05,тимот се квалификуваше во групната фаза од Купот на Уефа и потоа стана првиот романски клуб што “презимил” во некое европско натпреварување уште од 1993 година.(исто така успех на Стеауа).Следната сезона,клубот стигна до полуфиналето на Купот на Уефа,каде што беше елиминиран од Мидлсборо,благодарение на гол во последната минута.Во сезоната 2006-07,се пласираше во Лигата на Шампионите по пауза од 10 години, а истиот успех го повтори и во наредната сезона.Во домашното првенство,клубот освои две титули во сезоните 2004-05 и 2005-06 и романскиот Супер Куп во 2006 година,што претставува нивниот 50-ти трофеј во 59-годишната историја.

Контроверзии низ историјата

Минатото на Стеауа и поврзаноста со романската армија,пред Револуцијата во 1989 година, е проследено со неколку контроверзии,како што е основањето на клубот,неговата активност исклучиво во Лига 1,трансфер на фудбалери и вклучување на фамилијата Чаушеску во работата на клубот за време на 80-тите години на 20 век. Клубот е основан на 7 јуни 1947 година,под името АСА Букурешт,од страна на романската кралска армија.Дебатите во врска со ова прашање,за формата на романската влада,се соочуваат против аргументите,според кои од една страна владата беше главно комунистичка,а од друга страна дека државата сè уште беше уставна монархија,со кралот кој претставува врховен командант на романската армија.Сепак,на почетокот на нивната прва сезона, Кармен Букурешт беше расформиран од политички причини,иако требаше да игра во плеј-офот за пласман во втората лига,а неговото место го зазеде АСА.Подоцна,тимот никогаш не испадна и моментално е еден од двете екипи кои единствено настапувале во првата лига,заедно со Динамо Букурешт. Од 1947 година,новата комунистичка влада воспостави стандарди,преку кои сите спортски асоцијации треба да се поврзани со одредена форма на синдикат или владина институција.Професионалниот фудбал беше укинат и играчите потпишаа за тимови како резултат на договори помеѓу владеачките институции и клубовите,а не како редовни трансакции на пазарната економија.Како клуб на армијата,на неколку млади талентирани играчи им беше нудено да се приклучат во редовите на Стеауа,каде што би имале обезбедено подобри услови,можност за поуспешна кариера,а исто така и да бидат ослободени од служење на задолжителниот воен рок.Георге Хаџи беше позајмен на овој начин од Фк Спортул Студентеск во 1987 г. за натпреварот од европскиот Супер Куп против Динамо Киев.Потоа тој продолжи да настапува за Стеауа по негова желба, и покрај противењето на неговиот поранешен клуб.,Во 1988 година,трансферот на Георге Попеску од Универзитатеа Крајова во Стеауа,претставува уште еден пример,очигледно без согласност на клубот или фудбалерот.Сепак,тој се врати во својот стар клуб по една сезона. Во текот на втората половина на 80-тите години на 20 век и во последните години од комунистичкиот режим во Романија,посвоениот син на диктаторот Николае Чаушеску,Валентин,беше вклучен во раководството на клубот.И покрај тврдењата за фаворизирање на клубот со купување на најдобрите фудбалери во земјата и дека 5-тата титула по ред е освоена со поткупување на судии или противнички тимови,Валентин Чаушеску во едно неодаменшно интервју изјави дека тој не сторил ништо друго освен тоа што го заштитил својот клуб од влијанието на Динамо Букурешт,преку Министерството за внатрешни работи.Сепак,релативно малку се знае во моментов,за улогата на Валентин Чаушеску во историјата на Стеауа.Тврдењата дека е вклучен во успехот на клубот,со користење на неетички методи,допрва треба да се докаже.Како последица на тоа,оваа тема е сè уште предмет за дискусија.

Грб и бои на клубот

Аса Букурешт е основан кралската војска на 7 јуни 1947 година,без официјален грб на клубот. Како што комунистите ја презедоа целосната контрола над државата на 30 декември 1947 година,така Кралската армија стана армија на народот и клубот АСА автоматски со неа.Инспириран од Црвената армија,новиот министер за одбрана одлучи да создаде грб за клубот,кој се состоеше од буквата А означена во црвена ѕвезда(симболот на Црвената армија),поставена на сина тркалезна површина.Новиот министер го смени и името на клубот во КСЦА. Две години подоцна,промената на името во КЦА,заедно со новиот грб,кој се состоеше од истата црвена ѕвезда,внатре означена со буквите КЦА и опкружена со ловоров венец.Прифатениот грб на клубот од 1961 година,кој редизајниран наликува на денешниот симбол: црвените и сини пруги во позадина со златна ѕвезда во средина,што го означува романското знаме.Обликот на грбот е редизајниран во 1974 година,откако клубот се пресели на стадионот Генчеа. По Револуцијата во 1989 година,Армијата одлучи да ги прекине сите врски со поранешниот комунистички режим.Во 1991 година,КСА Стеауа за последен пат го промени својот грб и додаде орел,кој го имаше на грбот на Министерството за одбрана и на државниот грб. Во 1998 година,Стеауа додаде 2 жолти ѕвезди на над грбот на клубот и со тоа ги означи 20-те освоени титули во првенството,заедно со ознаката за фудбалски клуб(Fotbal Club). Во 2003 година,новиот управен одбор на клубот,предводен од Георге Бекали, ја изврши последната промена на грбот,што претставува враќање на стариот амблем од периодот од 1974 до 1991 година,редизајниран со двете жолти ѕвезди над него. Во текот на нивната прва сезона од основањето,Стеауа носеше дресови со жолти и црвени пруги во комбинација со сини шорцеви,што го симболизира романското знаме. Со стартот на следната сезона,жолтата боја беше отстранета,па официјални бои на клубот до денес останаа црвената и сината.