Чарлс II (англ. Charles II) (29 мај 1630 – 6 февруари 1685) — крал на Англија, Шкотска и Ирска.
Таткото на Чарлс II, кралот Чарлс I, бил погубен во Вајтхол на 30 јануари 1649 година, на врвот од Англиската граѓанска војна. Иако Парламентот на Шкотска го прогласил Чарлс II за крал на Велика Британија и Ирска во Единбург на 6 февруари 1649 година, Англискиот парламент донел закон што секоја таква прокламација ја прави незаконска. Англија влегла во период познат како „Англиско меѓувладеење“ (лат. интерегнум) или Англиски Комонвелт, а земјата била де факто република, предводена од Оливер Кромвел. Кромвел го поразил Чарлс во Битката кај Вустер на 3 септември 1651 година, по што Чарлс побегнал во континентална Европа. Кромвел станал де факто диктатор на Англија, Шкотска и Ирска. Чарлс ги поминал следните девет години во егзил во Франција, Обединетите Покраини и Шпанските Ниски Земји.
Политичката криза која следела по смртта на Кромвел во 1658 година довела до обновување на монархијата, а Чарлс бил повикан да се врати во Британија. На 29 мај 1660 година, на неговиот 30-ти роденден, тој бил примен во Лондон на јавно признание. По 1660 година, сите правни документи биле датирани како да Чарлс го наследил својот татко како крал во 1649 година.
Англискиот парламент на Чарлс донел закони познати како Кларендонскиот Код, создаден да ја зацврсти позицијата на повторно воспоставената Црква на Англија. Чарлс го прифатил Кларендонскиот Код иако самиот тој ја фаворизирал политиката за религозна толеранција. Втората Англо-Холандска војна била главниот проблем во надворешната политика за време на раното владеење на Чарлс. Во 1670 година, Чарлс станал дел од тајната спогодба од Довер, сојуз со неговиот прв братучед, францускиот крал Луј XIV. Луј се согласил да му помогне на Чарлс во Третата англо-холандска војна и да му исплати пензија, а Чарлс тајно ветил дека ќе премине во римокатоличка вера во неодредено идно време. Во 1672 година, Чарлс се обидел да воведе верска слобода за католиците и протестантските дисиденти со неговата Кралска декларација за толерантност, но Англискиот парламент го принудил да ја повлече. Во 1679 година, откритието на Тит Оут за недокажаната Папска завера (англ. Popish Plot) ја предизвикало Кризата на исклучување, кога било откриено дека братот на Чарлс и негов наследник (Џејмс, војводата од Јорк) е римо-католик. Од кризата се создале партијата Виг, која се залагала за исклучување и партијата Тори, која била против исклучување. Чарлс бил на страна на Ториевците, а по откривањето на заверата Рај Хаус (англ. Rye House Plot) во 1683 година за да се убијат Чарлс и Џејмс, некои водачи на партијата Виг биле убиени или принудени на егзил. Чарлс го распуштил Англискиот Парламент во 1681 година и владеел сам сè до својата смрт на 6 февруари 1685 година. Тој бил прифатен во Римокатоличката црква на неговата смртна постела.
Чарлс бил познат како Веселиот Монарх, поради неговата живост и хедонизам на неговиот двор и општата утеха при враќањето во нормала по повеќе од 10 години власт на Оливер Кромвел и пуританците. Жената на Чарлс, Катерина од Браганца, не родила деца, но Чарлс признал најмалку 12 незаконски деца од неколку љубовници. Бидејќи незаконските деца биле исклучени од правото на наследство, на престолот го наследил неговиот брат Џејмс.
Ран живот thumb|left|250px|Чарлс II како новороденче во 1630 година, слика припишана на Јустус ван Егмонт thumb|left|250px|Чарлс II како принц од Велс, слика на Вилијам Добсон, околу 1642 или 1643 година thumb|right|250px|„Шкотите го држат носот на нивниот млад крал на воденичен камен“, од сатиричен англиски памфлет thumb|right|250px|Крал во егзил: Чарлс II насликан од Филип де Шампањ, околу 1653 година
Чарлс е роден во палатата Семт Џејмс на 29 мај 1630 година. Неговите родители биле кралот Чарлс I, кој владеел со трите кралства на Англија, Шкотска и Ирска, и кралицата Хенриета Марија, сестрата на францускиот крал Луј XIII. Чарлс бил нивниот втор син и дете. Нивниот прв син, кој е роден околу една година пред Чарлс, починал неколку часа по раѓањето.Weir, Alison (1996), Britain's Royal Families: The Complete Genealogy, Revised edition, Random House, pp. 255–257, ISBN 0-7126-7448-9 Англија. Шкотска и Ирска биле христијански земји, но обожавањето било поделено меѓу различни деноминации како католицизам, англицизам, презвитеризам и пуританизам. Чарлс бил крстен во кралската капела на 27 јуни од англиканскиот бискуп на Лондон, Вилијам Лод и воспитан од протестанстката војвотка од Дорсет, иако неговите кумови ги вклучувале Луј XIII и Марија де Медичи,Fraser, p.13 and Hutton, pp.1–4 католичките роднини на неговата мајка. При раѓањето, Чарлс станал војвода од Корнвол и војвода од Ротсеј, заедно со неколку други поврзани титули. На неговиот осми роденден, тој бил назначен за принц од Велс, иако нему никогаш формално не му биле доделени почестите на кнежевството Велс.
За време на четириесеттите години од XVII век, кога Чарлс сè уште бил млад, неговиот татко ги победил парламентарските и пуританските сили во Англиската граѓанска војна. Чарлс го придружувал неговиот татко во Битката на Еџхил, и на 14-годишна возраст учествувал во борбите во 1645 година, кога бил прогласен за заштитник-командант на англиските сили во Вест КантриFraser, p.32 and Hutton, pp.6–7. До пролетта во 1649 година, неговиот татко ја губел војната и Чарлс ја напуштил Англија поради страв за неговата безбедност, упатувајќи се прво на островите на Сицилија, потоа во Џерси и на крај во Франција, каде неговата мајка веќе живеела во егзил, а неговиот прв братучед, осумгодишниот Луј XIV, бил крал.Fraser, pp.38–45 and Miller, Charles II p.6
Во 1648 година, за време на Втората англиска граѓанска војна, Чарлс се преселил во Хаг, каде неговата сестра Мери и неговиот зет Вилем II Орански, можеле да овозможат поцврста помош на ројалистичката цел отколку француските роднини на кралицата.Fraser, pp.55–56 Сепак, кралската флота која била под контрола на Чарлс не била во предност и не успеала да стигне до Шкотска навреме за да се спои со кралската енгејџерска армија (анг. Engagers) на војводата од Хамилтон, пред да биде поразена во Битката кај Престон од страна на парламентарците.Fraser, pp.57–60
Во Хаг, Чарлс имал кратка афера со Луси Волтер, која подоцна лажно тврдела дека тие тајно се венчале.Fraser, pp.65–66, 155, Hutton, p.26, and Miller, Charles II p.5 Нејзиниот син, Џејмс Крофтс (подоцна војвода од Монмут и војвода од Баклеј), бил едно од многуте незаконски деца на Чарлс кои тој подоцна ги признал, и кој бил видна личност во политичкиот живот и општеството во Британија.
Во 1646 година, Чарлс I се предал. Тој побегнал и повторно бил заробен во 1648 година. И покрај дипломатските напори на неговиот син за да го спаси, Чарлс I бил обезглавен во 1649 година, а Англија станала република. На 6 февруари, Ковенантскиот парламент на Шкотска го прогласил Чарлс II за крал на Велика Британија како наследник на неговиот татко, но одбил да му дозволи да влезе во Шкотска освен ако тој не го прифати презвитеранизмот низ Британските Острови.
Кога преговорите биле откажани, Чарлс го овластил генералот Монтроуз да пристигне на Оркниските Острови со мала војска за да им се закани на Шкотите со инвазија, со надеж дека ќе ги принуди на договор каков што тој сака. Монтроуз се плашел дека Чарлс ќе прифати компромис, но сепак избрал да ја нападне континентална Шкотска. Тој бил заробен и погубен. Чарлс неволно ветил дека ќе се придржува кон условите на спогодбата договорена меѓу него и Шкотскиот Парламент во Бреда, и дека ќе ги поддржи Свечената Лига и Ковенантот, кои имале овлстување за раководењето на Презвитеранската црква низ Британија. При неговото доаѓање во Шкотска на 23 јуни 1650 година, Чарлс формално го прифати Ковенантот; неговото напуштање на раководењето на Епископската црква иако му донела поддршка во Шкотска, го направила непопуларен во Англија. Чарлс наскоро започнал да ги презира „подмолноста“ и „лицемерството“ на Ковенантите.Fraser, p.97 and Hutton, p.53 На 3 септември 1650 година, Ковенантите беа поразени во Битката кај Данбар од страна на многу помала сила предводена од Оливер Кромвел. Шкотските сили беа поделени во ројалистички енгејџери и презвитерански ковенанти, кои дури и се бореле едни против други. Разочаран од Ковенантите, во октомври истата година, Чарлс се обидел да им побегне и одјавал на север да им се придружи на енгејџерките сили, настан кој станал познат како „Почетокот“, но за два дена презвитеранците успеале да го престигнат и да го фатат.Fraser, pp.96–97 and Hutton, pp.56–57 Сепак, Шкотите останале најголемата надеж на Чарлс за враќање на монархијата, и тој бил крунисан за крал на Шкотска во Скун на 1 јануари 1651 година. Поради тоа што силите на Кромвел биле закана за позицијата на Чарлс во Шкотска, било одлучено да се нападне Англија. Бидејќи многу Шкоти (вклучувајќи го и лордот Аргил и други водечки Ковенанти) одбивале да учествуваат, а и со само неколку англиски ројалисти кои се придружиле јужно во нападот на Англија, нападот завршил со пораз во Битката кај Вустер на 3 септември 1651 година, по што Чарлс избегнал заробување криејќи се во кралскиот даб во Боскобел Хаус. Во тек на шест недели, едвај избегнувајќи ја опасноста, Чарлс маскирајќи се успеал да избега од Англија. Тој успеал да пристигне во Нормандија на 16 октомври и покрај наградата од 1000 фунти за неговата глава, ризикот од смрт за секој што ќе бил фатен како му помага и тешкотијата при маскирањето на Чарлс, кој бил невообичаено висок (185 см).Fraser, pp.98–128 and Hutton, pp.53–69Илјада фунти била голема сума во тоа време, поголема од просечните животни добивки на еден работник. (Fraser, p.117).
Кромвел бил назначен за лорд протектор на Англија, Шкотска и Ирска, успешно поставувајќи ги Британските Острови под воена власт. Осиромашен, Чарлс не можел да добие доволно поддршка за да биде сериозен предизвик на владата на Кромвел. И покрај врските на семејството Стјуарт преку Хенриета Марија и принцезата од Орање, Франција и Холандската Република создале сојуз со владата на Кромвел од 1654 година, принудувајќи го Чарлс да и се обрати за помош на Шпанија, која во тоа време владеела со Јужна ХоландијаHutton, pp.74–112. Со помош на шпанските пари, Чарлс собрал мала војска од неговите потчинети кои биле во егзил, која се состоела од пет пешадиски полкови како и неколку трупи коњаница. Оваа сила го формирала јадрото на Британската Армија по обновувањето на монархијата.Fraser, p. 21
Обновување на монархијата
По смртта на Кромвел во 1658 година, шансите на Чарлс за повторно добивање на круната отпрвен изгледале слаби бидејќи Ричард Кромвел го наследил својот татко како лорд протектор. Сепак, новиот лорд протектор немал моќ во Парламентот или Новата армија, бил принуден да абдицира во 1659 година и протекторатот бил укинат. За време на граѓанските и воените немири кои следеле, Џорџ Монк, гувернерот на Шкотска, бил загрижен дека земјата ќе премине во анархија.Fraser, pp.160–165 Монк и неговата војска марширале во градот Лондон и го принудиле Рамп парламентот (англ. rump – задница, преостанат дел) повторно да ги признае членовите на Долгиот парламент (англ. long – долг) кои биле исклучени во декември 1648 година за време на Чистката на Прајд. Долгиот парламент се распуштил самиот и за првпат по речиси 20 години, имало општи избори.Diary of Samuel Pepys, 16 March 1660 Претходниот парламент создал изборни квалификации за да се обезбеди, како што тие мислеле, враќање на мнозинството презвитеранци.Miller, Charles II pp.24–25