Gears of War е петтата нумера од United Abominations, единаесеттиот студиски албум на Мегадет. Песната била напишана по доставеното барање на Xbox 360 до Мастејн, во кое претпријатието за компјутерски игри имало желба токму Мегадет да снимат музика за нивниот најнов производ. Песната се нашла на играта, но без текстот. Причина за овој пропуст била малото недоразбирање помеѓу двете страни. Имено, Мастејн разбрал дека наXbox 360 им требало само музика, но подоцна бил известен дека е потребен и текст. Текстот бил напишан, но ненавремено, бидејќи играта веќе била завршена и издадена.

Првата изведба во живо била во Нагоја, Јапонија, на 17 октомври 2006 г. Демо снимката, заедно со текстот, била објавена на официјалното мрежно место на бендот на 22 ноември, истата година.

Список на песни „Gears of War“ – 4:26

Музички персонал Дејв Мастејн - вокал, ритам гитара и продукција Глен Дровер - водечка гитара Џејмс Ломензо - бас гитара Шон Дровер - тапани, перкусија

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Изведба во живо од Gears of War на YouTube

Поврзано Мегадет United Abominations

Категорија:Песни на Megadeth