Кујалек (гренландски: Kommune Kujalleq, „југ“) е општина во Гренланд. Општината е најнова во државата и е создадена со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година. Со своите 7.151 жители според податоците од јануари 2013, таа е најслабо населена општина во Гренланд. Седиште на општината е Какорток. Претходно, на територијата на оваа општина се наоѓале: општина Нанорталик, општина Нарсак и општина Какорток.

Географија

Со Кујалек е најмалата општина во Гренланд според површина. Општината го зазема најјужниот дел од островот и се граничи со општината Сермерсок. На запад општината излегува на Лабрадорското Море, а на запад на Атлантскиот Океан. Целата општина е планинска, со поголем број фјордови. Сите населени места се наоѓаат на западниот дел.

Населени места На територијата на општината се наоѓаат следниве населени места:

Област Нанорталик Нанорталик Апилаток Алуитсуп Па Амасивик Нарсармијит Тасиусак Кортлорторсуак Област Нарсак Нарсак Игалику Нарсарсуак Касијарсук Област Какорток Какорток Екалугарсуит Касијмиут Сарлок

Збратимени места Архус, Данска

Наводи

Поврзано Гренланд Општини во Гренланд Какорток

* Категорија:Населени места основани во 2009 година