Јашки мировен договор — мировен договор склучен по крајот на Руско-турската војна (1787-1792) меѓу Руската Империја и Османлиското Царство. Договорот бил склучен во градот Јаш во денешна Романија.

Договорот бил потпишан на 9 јануари 1792 година.

Според него, Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестар. Освен тоа, Османлиите се откажале од Грузија.

Категорија:Руско-турски војни Категорија:Кримско ханство Категорија:Договори на Отоманското Царство Категорија:Договори на Руската Империја Категорија:Европа во 1792 година Категорија:Отоманското Царство во 18 век Категорија:Јаш