Веле Смилевски (р. 6 мај 1949 во Ново Село, Демирхисарско) — македонски поет, есеист, книжевен критичар, професор, научен работник и бивш најдолгогодишен во историјата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, заедно со Раде Силјан.
Животопис Роден е на 6 мај 1949 г. во Ново Село, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот Универзитет, тој магистрирал и докторирал. Бил новинар во „Нова Македонија“, уредник во книгоиздателството „Мисла“ и МРТВ. Бил акредитиран новинар на Македонското радио, дописник од Прага (1994-1997)http://www.pen.org.mk/mk/members/167-vele-smilevski. Застапен е во антологии на македонската поезија објавени во Шведска, Чешка, Полска, Шпанија, Турција, Русија, Англија, Словачка, Италија и Србија.http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B1B4363451123241B2FD0B4AC9F63242
Тој работел како научен советник во Институтот за македонска книжевност и бил доцент на Студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Остварил студиски престој на универзитетот „Ломоносов“ во Москва (1989-1990) и бил лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага (1994-1997).
Бил главен уредник е на списанието „Синтези“акад. Блаже Ристовски, Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје 2009 (1383 стр.), претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979) и секретар за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија. Во друштвото членува од 1972 г., а бил и негов долгогодишен претседател.
Членувак и во Македонскиот ПЕН центар, Здружението на новинарите на Македонија и на Руската академија на науките и уметностите.
Библиографија Смилевски е автор на книгите:
Поезија:
„Слика што согорува“ (Мисла, 1974); „Кафез“ (Мисла, 1978); „Диши длабоко“ (Мисла, 1985); „Одзив на здивот“ (Македонска книга, 1987); „Икра во славината“ (Мисла, 1989); „Подвижни точки“ (Култура, 1990); „Гребнатинки“ (Култура, 1995); „Педесет песни“ (Макавеј, 2000); „Педесет допевања“ (Дијалог, 2005); „Совршена тишина“ (Дијалог, 2009); „Час по поезија“ (Дијалог, 2010); „Забранета книга“ (Дијалог, 2011); „Век за самување“ - поема (Детска радост, 2012); „Век за приказ“ (Дијалог, 2013);
Прозни книги: „Полицајка в кревет“ - роман (Дијалог, 2012); „Дневникот на полицајката“ - роман (Дијалог, 2015); Литературна критика и есеистика: „Крстопати на зборот“ (Мисла, 1987); „Критички нотес“ (Македонска книга,1988); „Поетика на сонот“ - студија, магистерски труд (Студентски збор, 1988); „Книжевни посланија“ (Студентски збор, 1991); „Процеси и дела“ (Македонска книга, 1992); „Аспекти на македонската книжевност 1945-1985“ - книжевно-историска студија, докторска дисертација (Култура, 1993); „Фокусирања“ (Матица Македонска, 1998); „Литературни студии - Творештвото на Блаже Конески, Петре М. Андреевски и Горан Стефановски (Култура, 2000) „Есеи“ (Институт за македонска книжевност, 2001) „Поетски текови“ (Штрк, 2002) „Димитар Митрев - Фотомонографија (Дијалог, 2004) „Димитар Митрев како полемичар“ (Дијалог, 2006) „Шеесет години македонски роман (Дијалог, 2012) Новинарство: „Новинарски лексикон“ „Аспекти на новинарската теорија и практика - жанрови“ (1999); „Новинска критика“ „Илјада новинарски термини“ (На македонски, англиски, француски, германски и руски јазик) „Основи на новинарската теорија и практика“ Антологии: „Македонската поезија во светот“ (Дијалог, 2002) „Македонскиот расказ во светот“ (Дијалог, 2010) „Современа македонска поезија“ Составувач и приредувач на книгите:
„Македонската книжевност во книжевната критика“ - петтомна едиција (1973) - косоставувач; „Македонски писатели“ (ДПМ, 1987) - косоставувач; „Македонска поезија XX век“ (Македонска книга, 1989) - приредувач; „Македонскиот расказ“ (Македонска книга, 1990) - приредувач; „Творештвото на Ацо Шопов“ - Зборник (Институт за македонска книжевност, 1993) - приредувач; „Творештвото на Владо Малески“ - Зборник (Институт за македонска книжевност, 1999) - приредувач;
Награди и признанија Веле Смилевски е добитник на наградите:
„Млад Борец“ - за поетската книга „Слика што согорува“ (1974);http://www.iml.ukim.edu.mk/index.php/mk/vraboteni/2011-07-25-10-32-59/239-2011-08-04-11-30-25 „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија за серија новински литературни критики (1982); „13 Ноември“ - за стихозбирката „Диши длабоко“ (1985); Награда за најдобра литературна критика во Македонија (1988); „Ацо Шопов (награда)“ - за поетската книга „Педесет допевања“ (2005) „Велја кутија“ - за поетската книга „Совршена тишина“ (2009); „Гоцева повелба“ - награда на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“ (2010); „Браќа Миладиновци“ - за поетската книга „Забранета книга“ (2011); „Златен прстен” - награда на Книгоиздателството „Феникс“ (2012); „Григор Прличев“ - за најдобра поема (2012) „11 Октомври“ (2012)Петмина добитници на наградата „11 Октомври“ „Утрински“ Орден за поезија „Сергеј Есенин“ - Сојуз на писателите на Русија (2013)Веле Смилевски добитник на рускиот орден „Сергеј Есенин” за поезија - Дневник
Наводи
Категорија:Луѓе од Ново Село (Демирхисарско) Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски уредници Категорија:Претседатели на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“