Орламинде () — мал град во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на вливот на реките Зале и Орла, 17 километри јужно од безокружниот град Јена. Градот претставува еден од најмалите градови во Тирингија.
Географија
Горниот град на Орламинде, што е градското јадро, се протега на 100 метри над реката Зале.
Винцерла и Наххаузен се други градски единици.
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Орламинде се состои од 12 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа Удел Места CDU 22,1 % 3 FWG Орламинде 77,9 % 9
Градоначалник
Градоначалник на Орламинде од 1999 година е Уве Ниче (FWG).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на општинската заедница
Категорија:Зале-Холцланд