Артерн (; до 2018 г. познат како Артерн/Унштрут) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на вливот на реките Унштрут и Хелме, 12 километри јужно од Зангерхаузен. Има железнички линии до Ерфурт и Зангерхаузен. Железничката линија до Наумбург била прекината во декември 2006 година.
Географија Местоположба
Артерн се наоѓа на Унштрут, која тече низ градот од југозапад он југоисток. Низводно од Артерн во Унштрут се влева Хелме. Градот се наоѓа на рамен терен, но во близина на повеќе ридски масиви.
Поради тоа, Артерн е едно од најсувите и најтоплите места во Тирингија.Klimadiagramm von Artern Годишниот просек на врнежи е само 457 мм; годишната просечна температура е 8,5 °C. Со 30 мм летни врнежи, Артерн бил трета најсува временска станица на Германска временска служба во Германија.Mirko Krüger: Der trockenste Ort Deutschlands. In: Thüringer Allgemeine. 4. September 2018.
Градски единици
Стариот град на Артерн се наоѓа на северниот брег на Унштрут. Се состои од две населби: градот Артерн на запад и селото Артерн на исток. Во 1832 година биле споени. Од век, градот се развивал на исток кон железничката станица. Подоцна, се проширувал кон север кон Зангерхаузен, каде била подигната западната железничка станица како втора индустриска зона.
Покрај градското јадро, во градското подрачје влегуваат и местата Хајгендорф, Кахштет, Шенфелд и Фојгтштет.
Политика Градски совет
Градскиот совет на Артерн бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:
Партија / Листа Места +/− CDU 5 − 4 Левица 6 − 1 SPD 2 − 2 NPD 1 neu PU 3 нова Жени и спорт (F/S) 2 нова Спортско друштво (SV) 1 нова
Градоначалник
Градоначалничка од 2015 година е Кристине Цимер (CDU).
Збратимени градови
Артерн е збратимен со следниве градови:
Ајнбек, Германија (од 1990 г.) Топољчани, Словачка (од 1992 г.) Мазенгарб, Франција (од 1996 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кифхојзер (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)