Сива боја — боја во помеѓу црната и белата, неутрална или ахроматска (букв. „безбојна боја“). Ова е бојата на облачното време, пепелта и оловото.„сива“ - Дигитален речник на македонскиот јазик

Оптика на сивата боја Во ликовната уметност, сивата традиционално се добивала со мешање на црна и бела боја. Потоплите сиви бои ги добивале со додавање на малку црвена, а за постудените додавале малку сина. Уметникот добива сива боја и со мешање на две комплементарни бои како портокалова и сината.

Денес сивата на екраните и телевизорите се добива користејќи го моделот RGB. На црн екран, црвената, зелената и сината светлина при полна јачина даваат бела боја. Намалувајќи ја јачината, се добиваат разни нијанси на сива.

Во печатарството, сивата обично се добива по моделот CMYK, користејќи синозелена (цијан), магента, жолта и црна. До сива боја се доаѓа со употреба на црна и бела, или пак со мешање на подеднакво количество на синозелена, магента и жолта. Највеќето сиви нијанси имаат студен или топол изглед. Топлиот се добива со додавање на жолта, портокалова или црвена, додека пак студените имаат додадено зелена, сина и виолетова. Кога нема никаква додавка, бојата се нарекува „неутрална сива“, „ахроматска сива“ или просто „сива“. Сликите што се состојат само од црна, бела и сиви нијанси се нарекуваат монохромни, црно бели или сиво нијансирани.

310птопла сивастудена сиваизмешана со 6% жолта.измешана со 6% сина.

Сивата во животинскиот свет мини|десно|Сива чапја

сив волк сив кит сив клукајдрвец сиви лисици сив сокол сива фока сива чапја

Поврзано Сива еминенција Сива економија Црно-бело Сребрена боја Список на бои

Наводи

Надворешни врски

Теорија за човековото восприемање на сивата боја

Категорија:Бои Категорија:Нијанси на сивата боја