мини|350п|Преглед на етапите; црните линии ги претставуваат растојанијата на поединечните етапи, додека црните испрекинати линии ги претставуваат префрлањата помеѓу етапите.

Џиро д’Италија 2013 започна на 4 мај, а етапата 11 ќе се случи на 15 мај. Изданието 2013 започнало со друмска етапа, за првпат од 2003, околу Неапол пред екипниот хронометар следниот ден на островот Искја. Остатокот од воведната половина на трката, цело време во Италија, се состои од среднопланински етапи, две рамни етапи и првиот од двата поединечни хронометри на трката; хронометарот ќе се вози на осмата етапа на растојание од 54,8 километри.

Марк Кевендиш станал првиот предводник на трката откако победил на воведната етапа во Неапол; првата од двете етапни победи кои Кевендиш ги остварил во првата половина на трката, заедно со шестата етапа. Поради тоа, Кевендиш бил единствениот возач со победа на повеќе етапи во првата половина на трката. Кевендиш го загубил водството на трката следниот ден, откако неговата екипа не успеала да постигне добро време со што би ја задржал маичката. ја освоил етапата, што го ставила Салваторе Пучо на местото на Кевендиш во розовата маичка откако бил највисоко пласиран на воведната етапа од петте членови на екипата . Лука Паолини стигнал сам до водечката маичка по третата етапа, напаѓајќи на 7 километри пред целта и одвојувајќи се од групата, а на целта имал предност од 16 секунди. Ја носел маичката четири дена, пред да ја загуби на седмата етапа, одржана во услови на силен дожд.

На таа етапа, Адам Хансен, велосипедист кој завршил на сите Гранд Тур трки во 2012, победил со предност од над една минута по долго бегство, додека Бењат Инчаусти успеал да ја преземе водечката маичка откако завршил во групата на фаворити. Слабоста на Инчуасти на хронометрите го приморала да го предаде водството наредниот ден, губејќи три и пол минути од етапниот победник, колегата Алекс Даусет. Винченцо Нибали, претходен победник на Гранд Тур на Вуелта а Еспања 2010, успеал да го преземе водството на трката и да го одржи до крајот на единаесеттата етапа, што претставувала крај на првата половина на трката. Нибали го завршил хронометарот 29 секунди пред најблискиот конкурент Кедел Еванс, ној добил дванаесет бонус секунди на десеттата етапа, првата завршница на нагорнина на трката, со што ја зголемил предноста на 41 секунда во претстојната втора половина на трката.

ЛегендаМаичките кои се појавуваат во табелата на левата страна од страницата ги означуваат возачите кои ги носат на одредената етапа, додека оние кои се појавуваат на десната страна на страницата ги означуваат возачите на кои им се доделени по етапата.   20п   Го означува предводникот во генералниот пласман   20п   Го означува предводникот во планинскиот пласман   20п   Го означува предводникот во бодовниот пласман   20п   Го означува предводникот во пласманот за млад возач   и.в. означува дека возачот поминал низ завршната линија во иста група како оној кој го добил времето над него и поради тоа му било доделено истото завршно време.

Етапа 1

4 мај 2013 — Неапол до Неапол, 130 км

мини|upright|Возачот на Марк Кевендиш пред почетокот на етапата. Кевендиш ги победил во спринтот со помала група на возачи и стигнал до својата 11. поединечна етапна победа на Џиро д’Италија и 37. на Гранд Тур.

По првпат од изданието на трката во 2003, Џиро д’Италија започнала со етапа наместо со хронометар. Неапол бил објавен како почетна точка за трката во јуни 2012, со што се одбележала 50-годишнината од единствениот старт на трката во Неапол; тогаш, Виторио Адорни славел во Потенца. Воведната етапа на Џиро 2013 била кружна трка во и околу Неапол и биле користени два различни круга. Најпрвин биле возени четири круга по 16,3 километри, со две преминувања на искачување од четврта категорија што оставило можност за бегство и преземање на маичката во планинскиот пласман на воведниот ден. Оттаму следел помалиот круг од 8,1 километар во должина, кој се поминал осум пати и завршница на етапата во Лунгомаре Карачоло. На крајот се очекувала спринтерска завршница.

Скоро веднаш кога започнала трката било создадено бегство од седум возачи, кои се обиделе да создадат голема предност во однос на групата, но не можеле да ја зголемат предноста над две минути. Возачот на Џовани Висконти и Камерон Вурф од го предводеле бегството на врвот на искачувањето, заедно со Гијом Бонафон () кој исто така освоил три бода на обете искачувања. Ова значело дека првата maglia azzurra се решила во завршниот спринт. На половина на етапата, Вурф се одвоил од бегството и останал пред групата до 19 километри пред крајот, кога групата предводена од го поминала.

Неколку доцни падови ја поделиле групата на многу групи, а последниот од нив се случил во последните 3 километри, обезбедувајќи го мнозинството од групата со исто време на етапниот победник. За последниот спринт се борела избрана група на спринтери; се поставила на чело на линијата за Метју Гос, но Елија Вивијани () и возачот на Марк Кевендиш се помериле напред, а на крајот Кевендиш ја освоил победата на целта за скоро една должина на тркалото. Со неговата 37. етапна победа на Гранд Тур, се поместил на изедначеното осмо место на списокот на сите времиња со Рик ван Лој и ја зел розовата и црвената маичка на подиумот како предводник во генералниот и бодовниот пласман. Иако разочарен поради второто место во спринтот, Вивијани станал првиот носител на белата маичка како предводник во пласманот за млад возач, а Висконти бил највисоко пласиран во спринтот и го презел планинскиот пласман.

Резултат од етапа 1 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапата 1 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Розова маичка 20п|Црвена маичка 2 20п|Бела маичка + 8" 3 + 12" 4 + 16" 5 + 18" 6 + 20" 7 + 20" 8 + 20" 9 + 20" 10 + 23"

Етапа 2

5 мај 2013 — Искја до Форио, 17,4 км, екипен хронометар (ТТТ)

На втората етапа на трката, група била префрлена со ферибот на вулканскиот остров Искја, кој бил домаќин на Џиро д’Италија за првпат по 54 години. Тогаш бил одржан поединечен хронометар на растојание од 31 километар, кој бил освоен од Антонино Каталано, освојувајќи ја неговата единствена етапна победа на Џиро. На етапата во Искја на трката во 2013 бил предвиден техничка нерамна патека на 17,4 километри за екипен хронометар, вклучувајќи наклони од околу 7% во последните 5 километри на патеката. Почетниот ред за етапата бил првично поставен по обратен редослед на секоја од 23. екипи во зависност како биле пласирани во пласманот „Трофеј Брза екипа“ по воведната етапа претходниот ден; единствена разлика била за кои тргнале последни, бидејќи Марк Кевендиш ја носел розовата маичка како предводник во генералниот пласман.

биле првата екипа која отпочнала - секоја екипа тргнувала по триминутно растојание – и откако изгубиле само еден возач на патеката, тие постигнале време од 23' 01", но тоа време било надминато од следната екипа на патеката, бидејќи отишле под 23 минути, забележувајќи време од 22' 55". биле следни на етапата и биле значително побрзи, на крајот забележувајќи време за 22 секунди побрзо од минатата екипа. Нивното време не било надминато до настапот на , кои и покрај раните проблеми на неколкумина од нивниот состав поминале низ целта со време од 22' 05". Како што излегло, времето не било надминато, со што екипата ја остварила втората победа на екипен хронометар во сезоната по оној на Џиро дел Трентино. На крајот на етапата, само една екипа била во рамките на десет секунди, забележувајќи побрзо време за две секунди на средната мерна точка. Кевендиш ја загубил водечката маичка, бидејќи можеле да забележат само 17. најдобро време, 48 секунди зад . Поради тоа, Салваторе Пучо станал новиот предводник на трката, бидејќи од петте членови на екипата бил највисоко пласиран на воведната етапа.

Резултат од етапа 2 ЕкипаВреме 1 2 + 9" 3 + 14" 4 + 19" 5 + 22" 6 + 22" 7 + 25" 8 + 28" 9 + 34" 10 + 35"Генерален пласман по етапата 2 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Розова маичка 20п|Бела маичка 2 + 0" 3 + 0" 4 + 0" 5 + 0" 6 + 9" 7 20п|Сина маичка + 9" 8 + 9" 9 + 9" 10 + 9"

Етапа 3

6 мај 2013 — Соренто до Ашеа, 222 км

Повторно на копното по излетот во Искја, третата етапа на Џиро 2013 била поделена на три различни дела. Од почетокот во Соренто, групата извозила два круга од по 7,2 километри пред да започне нерамниот терен долж брегот Амалфи до Салерно. По пристигнувањето во Салерно, каде се наоѓал едниот од двата средни спринта, заедно со другиот во Агрополи, рутата останала главно рамна наредните 80 километри. Двете категоризирани искачувања во денот во рамките на последната третина од етапата; искачувањето Сан Мауро Чиленто од втора категорија со просечен наклон од 6,7% на 7,8 километри растојание, со наклони и до 16% во воведните метри на искачувањето и искачувањето Села ди Катона од трета категорија со наклон од 6,6% на 8 километри растојание. Од врвот на Села ди Катона постоел спуст од близу 20 километри до завршната точка во Ашеа.

Бегството на денот било создадено по почетокот во Соренто, кога седум возачи се одвоиле од групата; најдобриот од нив бил Фабио Таборе од екипата , кој доцнел 22 секунди зад предводникот во генералниот пласман Салваторе Пучо (). И покрај ова, седморката создала предност од близу седум минути во однос на групата. На Сан Мауро Чиленто, бегството било составено од шест возачи, бидејќи Берт де Бакер () отпаднал од нивната група. Возачот на Вилем Ваутер водел преку искачувањето, додека групата стигнала на врвот околу 3' 45" зад водечката шесторка, а Де Бакер се наоѓа во средина. Група на спринтери отпаднала назад во главната група, вклучувајќи ги возачот на Марк Кевендиш и Насер Буани од , но и обајцата успеале да се вратат.

Таборе нападнал на спустот од искачувањето, здобивајќи се со предност од околу една минута кога стигнал во подножјето на Села ди Катона. биле на чело на групата, што овозможило групата да ги достигне бегалците и во еден момент да предизвика поделба на главната група, од каде се одвоиле кандидатите за генерален пласман Рајдер Хесједал, Винченцо Нибали, Бредли Вигинс и Микеле Скарпони. Потоа, Хесједал нападнал сам од оваа група, поминувајќи го Таборе, пред да забави и да се врати во главната група. На спустот, колегата на Нибали од Валерио Ањоли забрзал, а Хесједал и возачот на Лука Паолини му се приклучиле. Оваа група била достигнала, кога го подигнал своето темпо. Паолини повторно нападнал на околу 7 километри пред крајот и не бил достигнат, освојувајќи ја својата прва етапа на неговиот прв Џиро, и розовата маичка од Пучо, кој изгубил седум минути. Возачот на Кедел Еванс бил веднаш зад него со уште 16 возачи кои задоцниле 16 секунди, пред Хесједал.

Резултат од етапа 3 ВозачЕкипаВреме 1 2 + 16" 3 + 16" 4 + 16" 5 + 16" 6 + 16" 7 + 16" 8 + 16" 9 + 16" 10 + 16"Генерален пласман по етапата 3 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Розова маичка 20п|Црвена маичка 2 + 17" 3 + 17" 4 + 26" 5 + 31" 6 + 31" 7 + 34" 8 + 36" 9 + 36" 10 + 37"

Етапа 4

7 мај 2013 — Поликастро Бусентино до Сера Сан Бруно, 246 км

Трката продолжила долж брегот на Тиренското Море, движејќи се кон југ кон најјужната точка на Џиро д’Италија, кон Сера Сан Бруно. На растојание од 246 километри, четвртата етапа била и најдолга на целата трка, каде единствено тринаесеттата етапа вклучува подолг ден поминат на седиште. Етапата била главно рамна и само последната четвртина на етапата вклучувала поголеми промени во височината, со две категоризирани искачување како дел од етапата втор ден по ред. Искачувањето од трета категорија Вибо Валентија било долго со мал наклон, односно со просечен наклон од околу 3% на растојание од 15 километри, пред искачувањето од втора категорија Кроче Ферата. Вклучувајќи го и вториот среден спринт во Соријано Калабро, самото искачување било долго 16,8 километри и достигнувало максимален наклон од 10%. Потоа следел спуст од околу 7 километри кон завршницата во Сера Сан Бруно, додека последниот километар се одвивал на калдрма.