мини|Камерон Вурф на Тре Вали Варезине 2010

Камерон Вурф (; р. ) — австралиски професионален триатлонец и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата . Тој бил национален првак и бил олимписки веслач и ја претставувал Австралија на Летните олимписки игри 2004 во дисциплината лесни парни двојки за мажи под 23 години.

Кариера Веслање

Вурф е роден во Хобарт, Вурф учел во училиштето „Хатчинс“ во Хобарт, каде започнал со веслање. Го освоил државното првенство во 2001 година.

На 18 години, Вурф ја претставувал Австралија во дисциплината четворки без кормилар на Светското јуниорско првенство во веслање 2001 година во Дисбург, Германија, каде австралискиот екипаж завршил седми.Wurf at World Rowing Потоа на Светското првенство во 2003 година во Белград настапил во дисциплината лесни четворки без кормилар, каде го освоил златниот медал.

Од 2004 до 2006 година, Вурф бил избран да ја претставува Тасманија во лесна четворка без кормилар на купот Пенрит на меѓудржавната регата во рамки на Австралиското првенство во веслање. Сите три од тасманиските екипажи биле победоносни

На Летните олимписки игри 2004, Вурф настапил во дисциплината лесни парни двојки и завршил на шеснаесеттото место. Продолжил да ја претставува Австралија на највисоко ниво во веслање до 2006 година, кога настапил на светското првенство. На Светското првенство 2005 во Гифу настапил во дисциплината лесни парни двојки освојувајќи го дванаесеттото место, а на првенството во Итон Дорни во 2006 година настапил во двојки без кормилар, освојувајќи го четвртото место. Тоа бил последен репрезентативен настап во веслање за Вурф.

Велосипедизам

Вурф ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2012, приклучувајќи се на екипата на почетокот на сезоната – и се приклучил на за сезоната 2013.

Во февруари 2015 година, откако завршил трет на хронометарот на друмските првенства на Океанија во 2015 година, Вурф објавил дека ќе земе слободна година од професионалниот велосипедизам, објаснувајќи дека повеќе не се пронаоѓал во спортот.

Триатлон

Во периодот на слободна година, Вурф настапил во триатлон, завршувајќи деветти во генералниот пласман и ја освоил својата возрасна група (30-34) на неговото деби во ајронмен во Вислер во јули 2015 година.

Вурф го имал својот прв професионален триатлонски настап на првенствата на Азија и Тихи Океан во ајронмен во Кернс во јуни 2016 година. Во декември 2016 година објавил дека ќе настапува за во сезоната 2017, комбинирајќи го велосипедизмот со настапите во ајронмен. Меѓутоа, настапил само на националните друмски првенства за својата екипа.

Во 2022 година било објавено дека Вурф ќе го има својот прв настап во Супер триатлонската лига во Малибу. Таму завршил на 18. место, откако бил елиминиран во првата етапа, меѓутоа изразил интерес да се врати во лигата во иднина.

Враќање во велосипедизам

На 31 јануари 2020 година, Вурф потпишал со за да го пополни местото на неодамна пензионираниот Васил Кириенка.

Достигнувања

2007 1. Игри на Океанија - поединечен хронометар 1. Хроно Шампеноа 9. Краен пласман Хералд Сан Тур 2011 5. Краен пласман Трка околу Турција 2012 2. Краен пласман Трка околу езерото Кукунор 4. Краен пласман Трка околу Кина II 7. Краен пласман Трка околу Јапонија 2014 2. Краен пласман Хералд Сан Тур 8. Краен пласман Трка околу Тајван 2015 Друмски првенства на Океанија 3. 15п Хронометар 6. Друмска трка

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро77——128——————— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Турcolspan=11 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта———99——————95

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Луѓе од Хобарт Категорија:Олимписки веслачи на Австралија Категорија:Веслачи на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Австралиски триатлонци Категорија:Австралиски веслачи