Проф. д-р Јован Ананиев е професор на Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Роден е на 21 јануари 1978 година. Во 2000 година дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Катедрата за политички науки и меѓународни односи. Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2004 година. Доктор е по политички науки, а својата докторска дисертација ја одбранил на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 2006 година.

Професор е во наставни области: политички системи и човекови права. Од јануари 2013 година е комесар во ЕКРИ (Европска комисија против расизам и нетолеранција) во Советот на Европа во Стразбур. Од јануари 2011 година е комесар во Комисијата за заштита од дискриминација на Република Македонија. Во периодот 2000 – 2006 година работи како научен соработник и проектен асистент на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2006 година е доцент на магистерски студии по политички науки на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и доцент на Факултетот за јавна администрација и менаџмент со информациски системи при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Од септември 2006 до јули 2007 година е раководител на Секторот за анализа, оценување и стратешко планирање и управување со кризи при Владата на Република Македонија. Од 2007 година работи како доцент на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, а од 2011 година ја извршува функцијата декан на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Објавени научни и стручни трудови

Наводи

Надворешни врски Објавени научни и стручни трудови Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Официјално мрежно место на Правен факултет при УГД Репозиториум на УГД Електронска библиотека на УГД

Категорија:Професори на УГД Категорија:Македонски универзитетски професори