Оскоумбриските јазици, познати и како сабелски јазици, сочинуваат подгрупа на италските јазици од семејството на индоевропските јазици. Јазиците се зборувале на териториите на денешна јужна и централна Италија. Овие јазици биле потиснати од латинскиот јазик, во времето кога Римското Царство била во голем подем. Овие јазици денес се познати преку натписите кои преживеале, особено тие на осканскиот и умбрискиот јазик.

Јазици Денес во оваа група се класифицираан следниве јазици:

умбриски јазик, волски јазик, сабински јазик, јужнопиценски јазик, марсиски јазик, пелигниски јазик, хернички јазик, маручински јазик, оскански јазик Еквискиот и вестинскиот може исто така биле дел од оваа група.

Скоро сите јазици се слабо документирани, и оваа група не е поддржана со силни јазични докази. Се претпоставува дека сочинувале дијалектен континуум, каде умбрискиот бил најсеверен, а осканскиот најјужен.Rex Wallace, 2008, "Sabellian Languages", in Woodard, ed., The Ancient Languages of Europe, CUP, p 98

Наводи

Поврзано

Индоевропски јазици Романски јазици

*