Западноевропското време (крат. WET од ; UTC±00:00) — часовен појас што опфаќа делови од западна и северозападна Европа. Појасот го користат следниве земји и региони:

Североисточен Гренланд (Данмарксхавн и околината) Ирска, од 1916 г, освен во 1968–71 г. Исланд, од 1968 г. Канарски Острови, од 1922 г. (остатокот од Шпанија користи CET, т.е. UTC+1) Обединето Кралство и териториите Каналски Острови и Ман, каде правно се нарекува Средно време по Гринич (GMT) и служи како стандардно време во Англија, Шкотска и Велс уште од 1847 г, и во Северна Ирска од 1916 г. Португалија, од 1911 г, со извесни паузи (освен Азорите, UTC-1) Фарски Острови, од 1908 г.

Сите горенаведени земји освен Исланд применуваат летно сметање на времето, што значи дека се префрлаат на западноевропско летно време (WEST, UTC+1), кое е еден час понапред. Во Британија ова се нарекува „британско летно време“.

Појасот во теорија се протега од 7,5° ИГД до 7,5° ЗГД (0° ± 7,5°), но WET не се применува во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Гибралтар и Шпанија, кои користат средноевропско време (CET), иако сите тие се целосно (освен дел од Франција) западно 7,5° ИГД. Обратен случај се Исланд и Источен Гренланд, кои се вклучени во WET иако обете се западно од 7,5° ЗГД.

Во минатото Западноевропското време во минатото се користело и во други европски земји, земајќи го тогашниот Париски меридијан како појдовна линија:

Андора (1901-46) Белгија (1892-1914 и 1919–1940) Гибралтар (1880-1957) Луксембург (1918-40) Монако (1911-45) Франција (1911-40 и 1944–45)

Наводи

Поврзано Средноевропско време Источноевропско време Западноевропско летно време

Категорија:Часовни појаси Време